Израел уби уште 44 Палестинци во Газа, бројот на загинати надмина 43.550

November 9, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Најмалку уште 44 Палестинци се убиени во израелските напади во Појасот Газа, со што вкупниот број на загинати од минатата година достигна 43.552, соопшти денес Министерството за здравство во енклавата, јавува Анадолу,

Министерството додаде дека околу 102.765 Палестинци се повредени во досегашните напади.

„Израелските сили убија 44 лица, повредија 81 во четири масакри на семејства во последните 24 часа“, истакна Министерството.

„Многу луѓе сè уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да дојдат до нив“, се додава.

Не почитувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации која повикува на итен прекин на огнот, Израел ја продолжи својата брутална офанзива врз Појасот Газа по нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври 2023 година.

Израелската офанзива го расели речиси целото население на територијата поради тековната блокада што доведе до сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови.

Напорите за посредување предводени од САД, Египет и Катар за постигнување договор за прекин на огнот во Газа и размена на заробеници меѓу Израел и Хамас не успеаја поради одбивањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да стави крај на војната.

Израел се соочува со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите акции во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

ГАШИ: Граѓаните се иселуваат оти 34 г. во државата гледаат кршење закони, корумпирани и криминализирани без казни

Следно

Првата дама на Туркије повика на еднаквост на половите, на правда во технологијата

Latest from Blog

Тешка несреќа во Скопје: Две лица загинаа на мотоцикл откако удриле во бетонски столб

Попладнево две лица го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа што се случила на крстосницата меѓу булеварите „8 Септември“ и „Никола Карев“ во Скопје. Во несреќата мотоцикл со скопски регистарски таблички излетал

Куќен притвор за поранешните директори на Онкологија, Нино Васев и Нехат Нухи

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд им определи мерка „куќен притвор“ на поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев и на организациски директор Нехат Нухи. Остануваат и претходно изречените мерки за

Средба Ердоган-Санчез: Крај на угнетувањето во Палестина ќе се стави преку заеднички напори

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека приоритет на Турција е испораката на хуманитарна помош во Газа и изрази увереност дека на угнетувањето во Палестина ќе се стави

Германија: 12 повредени во напад со нож на железничка станица во Хамбург

БЕРЛИН (АА) – Дванаесет лица се повредени во напад со нож на централната железничка станица во Хамбург, соопштија вечерва германските власти, јавува Анадолу. Полицијата потврди дека осомничената, 39-годишна жена, е уапсена на
Go toTop