Израел тврди дека ликвидирал уште еден командант на Хезболах во напад во Бејрут

September 29, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Израелската армија денес соопшти дека убила уште еден командант на Хезболах во воздушен напад во јужното предградие на Бејрут, пренесува Анадолу.

Во соопштението се вели дека Набил Каук, кој се наведува како челник на превентивната безбедносна единица на Хезболах, бил убиен во напад вчера.

Израелската армија го обвинува Каук за вмешаност во нападите против Израелците во последните денови.

Досега нема одговор од Хезболах за израелското тврдење, кое дојде два дена по убиството на генералниот секретар на Хезболах, Хасан Насрала, во израелски напад во либанската престолнина во петокот.

Израелската армија започна напади врз Либан од 17 септември, во кои загинати се најмалку 816 луѓе, а повредени се над 2.500, соопшти либанското Министерство за здравство.

Хезболах и Израел разменуваат прекуграничен оган од почетокот на израелската војна во Газа, во која загинаа речиси 41.600 луѓе, главно жени и деца, по прекуграничниот напад на Хамас минатиот 7 октомври.

Оттогаш во Либан убиени се најмалку 1.673 луѓе, од кои 194 жени и 104 деца, а над 8.600 се повредени, според либанските власти.

Меѓународната заедница предупреди дека израелските напади во Либан би можеле да го ескалираат тековниот конфликт во Газа во поширока регионална војна.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Министерот Николоски објави видео од реконструкцијата на автопатот Тетово-Скопје

Следно

Минесота се откажа од Таунс и го трејдуваше во Њујорк Никс

Latest from Blog

ВЛЕН: Улица по улица, проект по проект, Арачиново се менува

Арачиново секојдневно се менува преку реализација на конкретни инфраструктурни проекти, оценува ВЛЕН, од каде посочуваат дека инвестициите треба директно да се почувствуваат кај граѓаните и во локалните заедници. Од партијата наведуваат дека

Коњановски: Женското претприемништво е важен дел од развојот на Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на средба со Советот за женско претприемништво на Општина Битола. На средбата присуствуваа и заменик-градоначалничката Марина Крстиќ и
Go toTop