Израел одлучи да не испраќа делегација во Каиро за египетскиот предлог за договор

2 mins read

АНКАРА (АА) – Израел денес одлучи да не испраќа своја делегација во Каиро за да разговара за новиот египетски предлог за прекин на огнот во Газа, јавува Анадолу.

Радиото на израелската армија цитираше израелски функционер, без да го спомене неговото име, кој рече дека Израел ќе почека додека групата Хамас не одговори на предлогот за договорот, по што ќе одлучи дали да ги продолжи разговорите или не.

Радиото, сепак, не ја прецизираше природата на одговорот што го чека од групата Хамас.

Израелските медиуми вчера објавија дека израелска делегација треба да отпатува во Египет за да се сретне со египетските безбедносни претставници за напорите за прекин на огнот во Газа.

Израелската новинска веб-страница Јнет претходно цитираше израелски воени извори дека армијата е подготвена да го нападне Рафа во јужниот дел на Појасот Газа за 72 часа доколку не се постигне договор за прекин на огнот.

Египет вчера потврди дека има нов предлог за примирје во блокираниот Појас Газа.

„Постои предлог на маса да се постигне примирје во Газа“, рече египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри за време на состанокот на Светскиот економски форум во Саудиска Арабија.

Рафа е последна област во енклавата каде што Израел сè уште официјално не објавил влегување на своите војници за да го продолжат нападот против Палестинците.

Се проценува дека Хамас држи повеќе од 130 израелски заложници, а Тел Авив има над 9.100 Палестинци во своите затвори.

Хамас бара прекин на смртоносната офанзива на Израел во Појасот Газа и повлекување на израелските сили од територијата за каков било договор за размена на заложници и затвореници со Тел Авив.

Претходниот договор во ноември 2023 година беше со ослободување на 81 Израелец и 24 странци во замена за 240 Палестинци, вклучително 71 жена и 169 деца.

Израел започна брутална воена офанзива врз Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници по нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври.

Оттогаш во нападите на Израел врз Појасот Газа убиени се повеќе од 34.500 Палестинци, претежно жени и деца и повреди се над 77.600 во услови на масовното уништување и големиот недостиг на неопходни работи.

Израел воведе целосна блокада на Појасот Газа, оставајќи го неговото население, особено жителите на северна Газа, на работ на гладување.

Според податоците на Обединетите нации, израелските напади врз палестинската енклава принудија 85 отсто од населението на Појасот Газа внатрешно да се раселат, предизвика акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за да обезбеди хуманитарна помош за цивилите во Газа.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

Претходно

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите: Дачиќ министер на МВР, Вулин се враќа во Владата, Ѓуриќ нов шеф на дипломатијата

Следно

Штајнмаер: Западен Балкан не смее да остане „сива зона за руско деструктивно влијание“

Latest from Blog