„Израел не сака мир во регионот, ги крши сите принципи на меѓународното право“, истакна шефот на турската дипломатија

July 17, 2025
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан во средата остро го критикуваше Израел за спроведување агресивна регионална стратегија која ја загрозува стабилноста на Блискиот Исток, известува Анадолу.

„Израел се обидува да ја спроведе својата стратегија на агресија не само во Палестина, туку и во Либан, Сирија и Иран“, истакна министерот Фидан на состанокот на Советот за безбедност на ОН за Блискиот Исток.

„Постои јасен модел на дејствување. Доколку ова не се реши, постои закана од уште поширока дестабилизација. Токму тоа се случува во Сирија во моментов. Израелската агресија го загрозува кревкиот мир за кој сирискиот народ плати висока цена. Овие напади ги продлабочуваат етничките поделби низ целиот регион“, рече Фидан.

Нагласувајќи дека Израел не сака мир и стабилност во регионот, Фидан го повика Советот да дејствува колективно за да спречи Сирија повторно да падне во спиралата на насилство.

„Нема принцип на меѓународното хуманитарно право што не е прекршен од страна на Израел“, рече шефот на турската дипломатија.

Фидан ја критикуваше неактивноста на Советот за безбедност на ОН во врска со Газа, велејќи дека тоа не само што ги разочарува луѓето од Газа, туку и човечкото достоинство.

Израел во среда започна воздушни напади врз Дамаск, насочени кон Министерството за одбрана и областите во близина на претседателската палата.

Претходно сириската армија распореди војници во подрачјето на Сувајда за да воспостави ред по судирите што настанаа меѓу вооружените групи Друзи и Бедуини, во кои животот го загубија најмалку 30 лица.

Израел ги продолжи нападите во јужната покраина Сувајда, предупредувајќи дека тие ќе продолжат доколку сириските сили не се повлечат. Израелската војска како причина за своите операции во Сирија наведе дека има за цел да го заштити малцинството Друзи.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турскиот парламент ги осуди израелските напади врз Сирија

Следно

Јамал го продолжи договорот со Барса

Latest from Blog

„Булмак 2016“ со четиригодишен проект за развој на детскиот спорт во Пробиштип

Спортот има клучна улога во правилниот психофизички развој на секое дете. Преку иницијативата Кошарка за секое дете во Пробиштип веќе се создаваат нови можности за најмладите да спортуваат бесплатно и да градат

Тоневски: Четвртоодделенците од „Никола Карев“ поставуваа прашања за работата на Општина Пробиштип

Ученици од четврто одделение при ООУ „Никола Карев“ ја посетија Општина Пробиштип и одблизу се запознаа со работата на градоначалникот, општинската администрација и надлежностите на локалната самоуправа. Во разговорот со градоначалникот Тони

МЕПСО инвестира во иднината на енергетиката: Се подготвува зајакнување на мрежата во југоисточниот регион

АД МЕПСО продолжува со реализацијата на стратешките активности за модернизација на електроенергетската инфраструктура во Македонија. Денеска генералниот директор на компанијата, доц. д-р Бурим Љатифи, потпиша договор со Никола Битрак, извршен директор на

Проданоски: Обезбедивме 10 телевизори за собите во Домот „Киро Крстески – Платник“

За собите во Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ во Прилеп се обезбедени 10 нови телевизори во соработка со Тутунскиот комбинат АД Прилеп, соопшти градоначалникот Дејан Проданоски по посетата на

Коњановски: Битола и Турција ќе ја продлабочуваат соработката во економијата, културата и туризмот

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска се сретна со новиот турски амбасадор во Македонија, Алпер Акташ. Во фокусот на разговорот беа можностите за продлабочување на соработката во економијата, културата и туризмот. Коњановски
Go toTop