Израел ги презеде телата на две деца и нивната мајка, убиени во Газа

February 20, 2025
1 min read

Враќањето на телата на заложниците во Израел е национална трагедија и „нашите срца се скршени“, изјави денеска израелскиот претседател Исак Херцог, додека Израел ги презема посмртните останки на децата Бибас и нивната мајка – симболи на трагедијата од 7 октомври 2023 година.

„Агонија. Страдање. Нема зборови“, напиша Херцог на платформата Икс. „Срцата на целата нација се скршени. Во име на Државата Израел, ја наведнувам главата и молам за прошка. За прошка што не ве заштитив тој страшен ден. За прошка што не ве вративме живи дома“, објави израелскиот претседател.

Хамас денеска ги предаде телата на израелското бебе Кфир, кое беше киднапирано на девет месеци, и неговиот четиригодишен брат Ариел – двајцата најмлади заложници киднапирани од Хамас при нападот на 7 октомври 2023 година, кои станаа симбол на траумата од тој ден.

Возила на Црвениот крст во Појасот Газа презедоа четири црни ковчези со фотографии. Станува збор за децата и нивната мајка Шири Бибас, како и за телото на четвртиот заложник, Одед Лифшиц.

Тие беа предадени согласно договорот за прекин на огнот во Газа, постигнат минатиот месец со поддршка на САД и посредништво на Катар и Египет. Хамас тврди дека заложниците биле убиени во израелски воздушни напади.

Израелската армија соопшти дека ги презела ковчезите со телата на четворицата заложници, кои сега ќе бидат пренесени во судско-медицинскиот институт „Абу Кабир“ во Јафа за официјална идентификација. „Претставници на израелската армија ги придружуваат нивните семејства во овие тешки моменти“, се вели во соопштението.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во кратка изјава рече дека денеска ќе биде „многу тежок ден за Државата Израел, вознемирувачки ден, ден на тага“.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меџити: Нема преговори за химната и државниот грб, но нема ниту табу теми

Следно

Косово: Специјалното обвинителство обвини две лица за шпионажа во корист на српска БИА

Latest from Blog

Хоџа: Државата и во 2026 со силна финансиска поддршка за националните паркови

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, на работен состанок со директорите на националните паркови Пелистер, Маврово, Галичица и Шар Планина, ја потврди силната и континуирана поддршка на Министерството за

Автомобил удри во супермаркет во Лос Анџелес- најамалку тројца загинати, возач била 92 годишна баба (ВИДЕО)

Се вели дека жената зад воланот имала 92 години. Несреќата се случила кратко по пладне по локално време на „Ранч Маркет“ број 99 на булеварот Вествуд, кога возилото се удрило во зградата,

Рекордна посетеност на Собранието во 2025

Собранието и во 2025 година ги отвори своите врати за организирани посети и едукативни тури и продолжи да им овозможува на граѓаните одблизу да се запознаат со просториите и работата на законодавниот

Македонско друштво ‘Илинден’-Тирана ги додели наградите и благодарниците ‘Илинден’ за 2026 година

Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана ги додели годинешните награда “Илинден” и благодарница “Илинден”. По повод седумнаесетгодишнината од основањето и плодната работа на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана, неговите Управни органи и претседателот г-дин Никола Ѓурѓај, донесоа

Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана додели Награда “Илинден” и Благодарница “Илинден” по повод седумнаесетгодишнината

Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана ги додели годинешните награда “Илинден” и благодарница “Илинден”. По повод седумнаесетгодишнината од основањето и плодната работа на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана, неговите Управни органи и претседателот г-дин Никола Ѓурѓај, донесоа
Go toTop