Израел ги одобри плановите за воена операција во Рафа, јужна Газа

March 15, 2024
1 min read

КУДС (АА) – Израел ги одобри плановите за воена операција во градот Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа, пренесува Анадолу.

„Израелскиот премиер Нетанјаху ги одобри плановите за воена операција во Рафа, а Армијата оперативно се подготвува за тоа и за евакуација на жителите“, се вели во соопштението од Канцеларијата на Нетанјаху без да се наведат дополнителни детали.

Според меѓународните извештаи, неколку земји го предупредија Израел да не врши воена операција во Рафа, во кој се сместени повеќе од 1,4 милиони Палестинци.

Израел спроведува смртоносна воена офанзива на Појасот Газа по прекуграничниот напад на 7 октомври предводен од палестинската група Хамас.

Најмалку 31.490 Палестинци, претежно жени и деца, оттогаш се убиени во Газа, а 73.439 се повредени.

Израел, исто така, воведе целосна блокада на палестинската енклава, оставајќи го населението, особено жителите на северна Газа, на работ на гладување.

Според Обединетите нации, израелската војна предизвика 85 отсто од населението на Газа на внатрешно раселување поради уништувачката блокада на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните дејствија и да преземе мерки за да гарантира дека ќе се обезбеди хуманитарна помош за цивилите во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ескобар за РСЕ – Курти го одби предлогот за динарите

Следно

Турскиот робот „Џума“ дизајниран за роботско програмирање ќе стекне нови вештини со вештачката интелигенција

Latest from Blog

Божиновска: Енергетската транзиција мора да значи инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна иднина

Праведната енергетска транзиција мора да значи конкретни инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна енергетска иднина, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Таа информираше дека е одржан координативен состанок со

САД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забрана

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва смета оти сè уште не е доцна за правно обврзувачки договор со кој би се забранило распоредувањето на офанзивно оружје во вселената.
Go toTop