Израел бомбардираше болница со новороденчиња во Газа, најмалку едно бебе убиено

1 min read

ЏАБАЛИЈА (АА) – Израел рано утринава ја бомбардираше единицата за интензивна нега за новороденчиња во болницата „Камал Адван“, која се наоѓа во опколениот Појас Газа, известува Анадолу.

Најмалку едно бебе е убиено во нападот, а уште едно е повредено.

На снимката на Анадолу се гледа бебе на лекување, како и уништени болнички кревети и медицинска опрема во собите.

Во израелските немилосрдни воздушни и копнени напади на Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, станбени објекти, џамии, цркви и болници, досега животот го загубија над 12.300 Палестинци, од кои 5.000 се деца, а 3.300 се жени

Илјадници згради, вклучувајќи болници, џамии и цркви, се оштетени или уништени во израелските напади на опколената палестинска енклава.

Израел ги отфрли сите гласини за прекин на огнот сѐ додека не се ослободат заложниците што ги држи Хамас.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

Претходно

Македонците од Пустец на протест, бараат огревно дрво

Следно

Пронајдено починато лице во Батинци

Latest from Blog