„Израел бомбардира сѐ, дури и деца додека спијат“, изјави камерманот на АА кој загуби 4 деца во Газа

November 5, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Камерманот на Агенција Анадолу, Мохамед Алалул, кој во синоќешните израелски воздушни напади на Газа загуби 4 деца и три членови на семејството, изјави дека израелските сили ги бомбардираат сите места, вклучувајќи и населби и кампот Ал Магази во кој во потполност е уништен и неговиот дом, известува Анадолу.

Во истиот напад ранети се родителите, сопругата и уште едно дете на Алалул, кој работи како фриленсер репортер за Анадолу. Неговата сопруга е тешко ранета и префрлена е на лекување на интензивна нега.

Најмалку 51 лице се убиени во израелскиот воздушен напад на бегалскиот камп Ал Магази, а ранети се на десетици луѓе. Поголемиот број од настраданите се деца и жени.

Камерманот Алалул по пристигнувањето на местото на урнатините од неговиот дом рече дека бил на работа во Хан Јумис и кога дознал за нападот на кампот Ал Магази, имал претчувство дека е погодена токму неговата куќа.

„Ден претходно бев со моето семејство, со моите деца. Ми зборуваа да ја напуштам работата и да минувам повеќе време со нив. Дури едно од нив ми рече и него да го поведам на работа, да бидеме заедно“, рече Алалул.

Тој рече дека куќата во потполност му е уништена и дека во неа животот го загубиле неговите деца, браќа и сестри, и дека негови роднини и соседи сѐ уште се заробени под урнатините.

„Како што сите можат да видат, ова е населба во која исклучиво живеат цивили. Во овие куќи нема никакви воени елементи. Ова беше бегласки камп, убиени се деца додека спиеле. Моите деца. Израел бомбардира сѐ, сѐ по ред“, рече камерманот Алалул.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николоски: Уставни измени под бугарски диктат ни пред ни после избори нема да има, ВМРО- ДПМНЕ нема да дозволи

Следно

Николоски: Од економски и практичен аспект за Македонија е подобро да има заеднички претседателски и парламентарни избори

Latest from Blog

Трамп до членките на НАТО: Ако сакате нафта, дојдете и земете ја, нема вистинска закана

Дописничката на CBS News од Белата куќа, Веиџија Џијанг, го повика американскиот претседател Доналд Трамп да побара појаснување за неговата објава на социјалните мрежи во која тој сугерираше дека можеби ќе се

Трамп до членките на НАТО: Ако сакате нафта, дојдете и земете ја, нема вистинска закана

Дописничката на CBS News од Белата куќа, Веиџија Џијанг, го повика американскиот претседател Доналд Трамп да побара појаснување за неговата објава на социјалните мрежи во која тој сугерираше дека можеби ќе се

Јавниот обвинител Савески оствари средба со амбасадорот на ЕУ во Македонија

Јавниот обвинител на Република Македонија, Ненад Савески денеска оствари средба со амбасадорот на Европската унија во земјава, Михалис Рокас, со кого на почетокот на својот мандат разговараше за приоритетите на соработката и

Сељами: Неможноста за полагање правосуден и нотарски испит на мајчин јазик е дискриминација

Поднесена е иницијатива до Владата за законски измени кои ќе овозможат полагање на стручните испити на мајчин јазик, соопшти народниот правобранител Фатон Сељами, на денешната прес-конференција по повод Годишниот извештај за состојбата
Go toTop