Израел 639 пати за 58 дена го прекрши договорот за прекин на огнот со Либан

January 23, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Со влегувањето во 58-миот ден од стапувањето на сила на договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Либан, бројот на прекршувања на примирјето од страна на Израел се зголеми на 639, известува Анадолу.

Според либанската новинска агенција ННА, израелската Армија запалила куќа во областа Мерџајун, сместена меѓу градовите Кантара и Тајбе.

Освен тоа, израелската Армија урна и неколку куќи и згради во градовите Кефр Кила и Везани.

Израелската Армија прекршувајќи го договорот на либанска територија уште 10 пати, вкупниот број прекршувања на договорот за прекин на огнот го зголеми на 639 пати.

Израел врши напади врз станбени области и домови, особено во јужните региони на Либан, со образложение дека „се бори против заканата од Хезболах“.

Според податоците на либанското Министерство за здравство и ННА, 38 лица ги загубија животите, а 45 се повредени како резултат на прекршувањето на примирјето од страна на Израел.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бојковска: Буџетот за годинава има рекордно висока стапка за студентскиот стандард, ние нема да бегаме од проблемите на младите

Следно

Реал е клуб со најголема заработка минатата сезона

Latest from Blog

Легендарниот Џејмс Милнер се врати во Ливерпул

ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC Легендата на Премиерлигата, Џејмс Милнер, се врати во Ливерпул. На крајот од минатата сезона, Џејмс Милнер ја заврши својата 24-годишна кариера како рекордер со најмногу одиграни натпревари во Премиерлигата. Милнер не

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП.
Go toTop