Изложбата „5 години Џез Фестивал во Битола“ викендов во КИЦ-Битола

April 7, 2023
1 min read

Во рамките на споредната програма на шестото издание на Џез Фабрика Фестивалот – Битола 2023, е и изложбата на фотографии под наслов “5 години Џез Фестивал во Битола“ на авторот Даниел Ѓурчиновски.

Истата ќе биде презентирана оваа сабота, на 8. Април со почеток од 12 часот, во Културно информативниот центар – Битола.

„Даниел е нашиот идеен творец, дел од тимот кој го создаде фестивалот и секако наш арт директор“, истакнуваат организаторите на фестивалот.

Изложбата е и во рамките на годишната програма на ЈОУ КИЦ Битола и истата содржи автентични фотографии од музичките настапи на џез музичарите кои во изминатите пет години настапиле на битолскиот џез фестивал „Jazz factory fest“.

Главната, музичката програма оваа година ќе се одржи од 13 -ти до 15- ти април со настапот на повеќе реномирани џез музичари од Македонија и странство.Фестивалот ќе биде отворен со настапот на Баба Сисоко од Африка, Тони Китановски од Македонија и Васил Хаџиманов од Србија.

 

 

 

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПО 3 ГОДИНИ: Германија прогласи крај на корона епидемијата

Следно

Киев е подготвен да зборува за Крим, ако им успее контраофанзивата

Latest from Blog

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се

Шефот на Росатом предупредува дека ситуацијата во иранската нуклеарна централа Бушер се влошува поради нападите

Ситуацијата во иранската нуклеарна електроцентрала Бушер продолжува да се влошува, а нападите претставуваат директна закана за нуклеарната безбедност, изјави шефот на руската државна нуклеарна корпорација Росатом Алексеј Лихачев по уште еден напад
Go toTop