Изложба „Загреб“ на фотографот Лука Мједа во Музеј на град Скопје

September 27, 2023
1 min read

Фотографот Лука Мједа од Загреб,  Хрватска на изложбата со едноставен наслов „Загреб“ што ќе биде отворена во Музејот на град Скопје на 28.09.2023. во 19.30 часот ќе се престави со 50 црно бели фотографии во дигитален печат создадени изминативе триесетина години.

Мједа, наизглед ни го доловува само градот Загреб. Меѓутоа, авторот на оваа изложба ја открива присутноста на градот преку архитектурата со негово ликовно експонирање. Човекот и не е важен во оваа изложба, тој се чувствува, претпоставува. Без колоритност во овие фотографии, но со голем визуелен ефект со изборот на светлото и темното, авторот е со интенција да се почувствува релацијата и вклопеноста на класичното и современото. Фотографиите како ликовни дела се посветени и се сведоштво за минатото и сегашноста со оставина за иднината, успевајќи да се регистрира присутноста, а да се почувствува отсутноста.

Мједа е магистер на Машинскиот факултет и бродоградба во Загреб. По соработката со американските фотографи Мери Елен Марк, Мајкл О’Нил и Џери Уелсман на работилница во Загреб во 1975 година развива силен интерес за фотографија, станува член на Фотоклубот Загреб и ја започнува својата соработка со Јозо Ќетковиќ, мајстор за фотографија.

Со повеќе од триесетина самостојни изложби и фото монографии Лука Мједа се наметнува како еден од најплодните хрватски фотографи.

Лука Мједа денес е посветен на ликовната фотографија.

Изложбата и каталогот се реализирани од Музеј на град Скопје, а финансирани од Град Скопје и Град Загреб во соработка со Хрватскиот фотографски центар.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Студенти од Таџикистан и Пакистан се тепале во Тетово, еден повреден однесен во болница

Следно

Уставен го поништи упатството за матични книги според кое во изводите требаше да стои графа со националност

Latest from Blog

Денес е Преподобен Патапиј

Роден е е и воспитан во верата и во страв Божји во Тива Мисирска од благоверни родители. Рано ја увиде и ја презре суетата на овој свет и се оддалечи во Мисирската

Нештетно уништени 22,3 тони киви за преработка

Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство, неделава забрани увоз на киви наменети за индустриска преработка, соопшти Агенција за

Фото: Најбараната манекенка има ново момче? Тој е 18 години постар од неа

Познатата манекенка од кланот Кардашијан – Џенер, атрактивната Кендал е една од омилените членови на семејството Кардашијан Џенер, веројатно поради нејзиниот пристап кон животот и работата. 30- годишната Кенедел, за разлика од

Видео: Принцезата Леонор од Шпанија го направи првиот независен воен лет

Принцезата Леонор од Шпанија го направи својот прв самостоен лет како дел од воената обука на Општата авијациска и вселенска академија (AGA) во Сан Хавиер, каде што веќе четири месеци е на теоретска и практична обука
Go toTop