Изложба „Во мир и тишина – фотографски записи на еден монах“ во штипски „Безистен“

June 10, 2023
1 min read

Отец Гаврил во родниот Штип се  претстави со изложбата „Во мир и тишина – фотографски записи на еден монах“. Штипјани во галеријата „Безистен“ можат да видат вкупно 74 фотографии, кои претежно се амбиенти од Австралија, каде тој е игумен на манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинг Лејк, при австралиско-сиднејската православна епархија, но има и такви кои се македонски пејзажи.

Пред сѐ, сликите се природа, а преку природата се насладуваме и се конектираме со Бог Создателот, а преку Него ги добиваме тие мир и тишина коишто посебно ни се потребни во ова време нам. Преку нив сакам да пратам порака до сите оние кои ќе ја разгледаат изложбата, тој мир и таа тишина да ги примат и тие во своите срца, во своите мисли, во својот живот, вели отец Гаврил.

Љубовта кон уметноста  му се јавува во манастирот Водоча, но љубовта кон фотографијата се раѓа во новите околности и услови за живеење во Австралија. Уметничкиот сенс го свртува кон фотографијата и со тоа ги поврзува желбата за уметност, љубовта кон природата и богољубието. Ова е втора изложба на фотографии на отец Гаврил, по првата во Струмица, каде се одржа во организација на Фондацијата „Елеуса“.

Малку е чудно за свештено лице да се бави со фотографија, меѓутоа тоа мене ми е хоби и е израз на мојата желба кон уметноста, мојата страст кон уметноста. Кога бев во Водоча, кога живеев во манастирот, туку почнав со иконопис, меѓутоа кога дојдов во Австралија, условите за иконопис ги немав, па така некако мојата уметност ја насочив кон фотографијата и така се роди желбата, вели отец Гаврил.

Станува збор за хуманитарна изложба, во која средствата собрани од продажбата на фотографиите се наменети за хуманитарни цели за помош на деца и возрасни со посебни потреби.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Инзаги: Знаеме колку е силен Халанд, подготвивме нешто за да го сопреме

Следно

Ковачевски: Би било лошо ако Мицкоски се повлече од преземената обврска

Latest from Blog

Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва

Пакетот санкции доби двопартиска поддршка во Конгресот и има за цел да го зголеми притисокот врз Русија поради нејзината војна против Украина. Мерки насочени кон рускиот извоз на енергенти. Покрај директните санкции

Дури 31 тон злато ќе го премине океанот- богатството од 4 милијарди долари би можело да заврши во Њујорк

Ова се златните резерви на Венецуела кои се наоѓаат во трезорите на Банката на Англија, а според информациите објавени од SEEbiz, се водат разговори за нивно преместување во Федералната резервна банка на

Хет-трик на Олисе, погоди и Мусијала: Баерн победи со лото резултат (Видео)

Баерн Минхен конечно се искачи на врвот од Бундеслигата, барем привремено, откако победи со неверојатни 7-0 против Унион Берлин на отворањето од четвртото коло. Победникот беше решен уште во првото полувреме, кога
Go toTop