Изложба на врвни современи уметници во Софија

August 7, 2025
1 min read

Во Културно информативниот центар на Македонија во Софија, денеска, ќе биде отворена изложбата на Националната галерија насловена „Простори на конјункција“, која се реализира во рамки на проектот на Националната галерија од областа на меѓународната соработка. 

Како што информираат од Галеријата, на официјалното отворање ќе присуствуваат претставници од Националната галерија и директорот Али Синани, додека пред публиката свое обраќање ќе има директорот на Културниот информативен центар – Софија, Зоран Пејковски. Изложбата, додаваат, ќе биде поставена до крајот на вгуст 2025 година.

– Проектот „Простори на конјункција“ ја утврдува уметноста како динамичен простор во кој интимните, лични фрагменти се преплетуваат со колективните мемории и културни матрици како театар на тензија и симбиоза. Оваа изложба ги истражува кревката граница меѓу малите приказни од интимниот свет на индивидуата и големите наративи – широка, сложена мрежа на големите историски и културни наративи – концепт што произлегува од Жан-Франсоа Лиотар и неговата критика на „метанаративите“, стои во соопштението.

Додаваат дека низ графика, цртеж, фотографија, видео, објект, колаж, уметниците не само што раскажуваат приказни туку градат мултимедијални платформи во кои секој медиум станува посебен канал за конјункција. Различните техники, велат, не функционираат само како формални избори, туку како активни стратегии за премостување на личното и колективното.

– Во оваа изложба уметниците стануваат посредници меѓу фрагментите – личните фотосеќавања, гласови или празнини и нивното вкрстување со меморијата на јавниот простор. Славица Јанешлиева, со својата суптилна работа што комбинира графика, текст, цртеж и објекти, истражува како наративите се распарчуваат и се преобликуваат низ лични архиви. Ѓорѓе Јовановиќ, Александар Станковски и Иванчо Талевски ги користат цртежот и фотографијата за да материјализираат идеи за траење и распаѓање, додека Жанета Вангели и Верица Ковачевска внесуваат чувствителна поетика низ објект и фотографија (видео), при што секоја линија и трага го следи пулсот на сеќавањето. Марија Сотировска и Кристијан Јовановски ги ангажираат текстурираните повторувања (текст, трансформирано сеќавање) за да поттикнат визуелен дијалог за колективната меморија. Игор Сековски, пак, преку скулптурално концентрирана фрагментираност, отвора прашања за дехуманизацијата на колективот за индивидуални цели, се наведува во соопштението. 

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Шест тенисери ќе се борат на турнирот во Ријад!

Следно

Барселона ќе добие нов капитен

Latest from Blog

АВМУ ќе врши мониторинг на медиумското известување во предизборниот период

По распишување на Локалните избори, закажани за 19 октомври 2025 година, започнува мониторингот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги врз радиодифузерите за начинот на известување во периодот пред започнување на

Мумбру: Србија е прв фаворит за златниот медал на Евробаскетот

Шпанецот Алекс Мумбру на клупата на германската кошаркарска репрезентација смета дека Србија е прв фаворит за златниот медал на претстојниот Евробаскет. Германската репрезентација под водство на Гордон Херберт ја освои титулата светски

ДИК: Поднесување листи на кандидати до 13 септември, изборната кампањата почнува на 29 септември

Државната изборна комисија (ДИК) денеска одржа седница на која ги утврди роковите за сите дејствија за Локалните избори 2025 година, откако претходно претседателот на Собранието, Африм Гаши го потпиша Решението со кое

МВР: Одделот за внатрешна контрола на МВР презема соодветни мерки и активности

На 08.08.2025, по претходна пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 390 од Кривичниот законик – „Одземање или уништување службен печат или спис“ врз основа на наредба

Илјадници луѓе учествуваат на маршот „Биди надеж за Газа“ во Истанбул

ИСТАНБУЛ (АА) – Маршот подготвен од организациите на граѓанското општество кои ја формираат Платформата за поддршка на Палестина, под слоганот „Биди надеж за Газа“, започна во Истанбул со цел да привлече меѓународно
Go toTop