Шест тенисери ќе се борат на турнирот во Ријад!

August 7, 2025
1 min read

Најдобрите светски тенисери го потврдија своето учество на овогодинешниот „Six Kings Slam”, кој повторно ќе се одржи во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад.

Овој турнир го има најголемиот награден фонд во светот, но интересно е што не е во официјалниот АТП календар и не носи бодови во генералниот пласман. Новак Ѓоковиќ, Карлос Алкараз, Јаник Синер, Тејлор Фриц, Џејк Дрејпер и Александар Зверев го најавија своето присуство, а секој учесник ќе биде награден со сума од 1,5 милиони евра.

За победникот е предвидена „солена“ награда од дури шест милиони евра, што е двојно повеќе од наградите што тенисерите ги добиваат на најпрестижните Грен-Слем турнири.

Овогодинешното издание на турнирот „Six Kings Slam“ ќе се одржи од 15 до 18 октомври. Најголеми фаворити за трофејот ќе бидат Јаник Синер и Карлос Алкараз.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Словенија одржан протест поради влошената хуманитарна состојба во Газа

Следно

Изложба на врвни современи уметници во Софија

Latest from Blog

ВЕРО Центар ја слави традицијата со манифестацијата „Домашно со љубов“

Мирисот и вкусот на домашното, традиционалните ракотворби и вредностите што се пренесуваат од генерација на генерација се во фокусот на манифестацијата „Домашно со љубов“, која од 16 до 18 октомври се одржува

Нојер е неизвесен за мечот против Лајпциг, но ако брани – со сигурност нема да загуби

Мануел Нојер попладнево би можел да стане најстариот фудбалер што настапил за Баерн Минхен во Бундеслигата. Германскиот голман, доколку заигра против Лајпциг, ќе има 40 години и 204 дена и ќе го

Израелскиот министер за одбрана е под истрага во Италија- осомничен е за измачување

Истрагата се однесува на третманот на активистите од флотилата во Газа. Ова ја прошири истрагата, која досега беше фокусирана само на Итамар Бен-Гвир, израелскиот министер за национална безбедност, објави Ројтерс. Канцеларијата на

На Пентагон итно му се потребни 50 милијарди долари- Хегсет откри за што станува збор (ВИДЕО)

Министерот за одбрана Пит Хегсет се обрати на конференцијата на AUSA за време на панел-дискусија за проектот Агинкур, откривајќи дека Пентагон бара приближно 50 милијарди долари средства обезбедени преку посебен процес на
Go toTop