Изложба на скулптури од рециклирано железо на Озбек Ајваз во Паркот на франкофонијата

August 18, 2023
1 min read

На 23 август 2023 година во 19, 30 часот во Мобилна/монтажна галерија на Центар за современи уметности во Паркот на Франкофонијата ќе биде отворена првата самостојна изложба „Мрак“ на Скулпторот Озбек Ајваз на која ќе бидат изложени скулптурите кои се изработени од рециклирано железо.

Среде темнината што се шири, една сијалица се појавува како симбол на надеж. Неjзиниот нежен сјај се пробива низ мракот, кој го открива патот пред нас, давајќи чувство на утеха…..

Озбек Ајваз е роден 1999 година во Скопје. Дипломирал на Универзитет Св. Кирил и Методиј – Факултет за ликовни уметности во Скопје, отсек вајарство, со модул сценографија под менторство на проф. м-р Жарко Башески и проф. Беди Ибрахим. На магистерски студии е на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек вајарство, под менторство на проф. М-р Жарко Башески.

Во период од 2019-2023 г. учествува на повеќе групни изложби, симпозиуми и колонии во Македонија, Турција, Косово и Црна Гора. Во 2021 г. ја добива наградата за надежен млад уметник во Истанбул, Турција. Од 2023 година е член на Друштво на ликовни уметници на Македонија.
Скулптурите кои ги изработува се од рециклирано железо во апстрактна и геометриска форма. Неговиот уметнички израз е под влијание на Пабло Пикасо, Александар Архипенко, Марсел Дишан, и Џулио Гонзалес.

Изложбата е финасиски поддржана од Министерство за култура.

Логистичка поддршка: Општина Центар и Центар за современи уметности Скопје

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Почна седницата за уставни измени, утврден дневниот ред

Следно

Ирска банка несакајќи делеше пари на банкомати

Latest from Blog

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:
Go toTop