Изложба на астрофотографии „25 години Скопско астрономско друштво“ во Кинотека

December 18, 2023
1 min read

Во понеделник, на 25 декември во Кинотека на Македонија (19 часот) ќе биде отворена изложбата на астрофотографии „25 години Скопско астрономско друштво“.

Изложените фотографии ќе можат да се купат во големина која му одговара на купувачот.

Веќе четврт век, нашиот поглед е свртен кон небото. Го набљудуваме, истражуваме, учиме за него, едуцираме други луѓе и го фотографираме. Нашата најголема фасцинација ќе ја најдете преточена во фотографии од планетарни маглини каде се раѓаат ѕвезди, гигантски галаксии оддалечени милиони светлински години од нас, комети, метеорски дождови, Сонцето, Месечината и нашиот поширок дом – галаксијата Млечен Пат. Со изложбата сакаме нашиот поглед и нашата фасцинација да ги споделиме со Вас, велат од Скопското астрономско друштво.

Изложбата ќе биде отворена до 4 јануари 2024.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Водостоите на поголем дел од реките во земјава повисоки од декемврискиот просек

Следно

Кој сакал да го прислушува Залужниј?

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop