Изеt Меџити: Семејствата како она на Хаџи Али Исени се драгоцено богатство за Чаир

September 20, 2025
1 min read

Една вечер исполнета со топлина и гостопримство се одржа во Серово, во традиционалниот амбиент на Конакот на семејството на Хаџи Али Исени, каде кандидатот на ВЛЕН за градоначалник на Општина Чаир, Изеt Меџити, оствари пријателска посета.

Посетата се одликуваше со отворени и искрени разговори и атмосфера што ги одрази највисоките вредности на албанското гостопримство.

„Имав чест да го посетам семејството Хаџи Али Исени, семејство со визија, посветеност и љубов кон општото добро. Средбата со нив не беше само пријатна, туку и инспиративна“, напиша Меџити.

За време на средбата се разговараше за предизвиците и можностите кои ги има Чаир, како и за проектите што веќе даваат конкретни резултати во подобрување на секојдневниот живот на граѓаните.

„Посветените граѓани, како ова семејство, се вистинско богатство за нашата општина. Тие не само што ги чуваат традиционалните вредности, туку се и активно вклучени во градењето на подобра иднина за сите“, додаде Меџити.

Тој од срце се заблагодари за гостопримството и високо го оцени придонесот на семејството Исени во зајакнувањето на врската помеѓу граѓаните и нивните претставници.

„Секој ваков разговор е можност да се споделат идеи, да се слушнат одблиску вистинските потреби и да се изградат силни мостови на соработка“, заклучува во својата објава Меџити.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Потврден кредитниот рејтинг – доверба во економските политики на Македонија

Следно

Мицкоски: Мора да има одговорност за упропастениот град и оставениот хаос

Latest from Blog

По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на 324 килограми марихуана

Предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривична пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи, донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице.

ПРОДОЛЖУВА ПОСТАВУВАЊЕТО НА БАТЕРИСКИ СИСТЕМИ – КЛУЧЕН ЧЕКОР ВО ЕНЕРГЕТСКАТА ТРАНЗИЦИЈА

ФЕРОИНВЕСТ продолжува со поставување батериски системи на фотонапонски електрани, помагајќи им на електраните да го издржат прекумерното производство на електрична енергија преку ден, и да ги заштити нив од ниски цени и
Go toTop