ИЗДРЖАВ, ИНАКУ СРЦЕТО ЌЕ МИ ПУКНЕШЕ ОД СРЕЌА, КАЖА ОПЕРСКАТА ПРИМАДОНА МИЛКА ЕФТИМОВА НА ИЗЛОЖБАТА НА НЕЈЗИНИТЕ ЛИЧНИ ПРЕДМЕТИ

December 16, 2023
1 min read

Оперската примадона Милка Ефтимова, која настапувала во над 20 земји, емотивно ја доживеа изложбата на нејзините лични предмети кои ги донираше на Музејот на македонската борба во Скопје.

„Ви благодарам на сите што дојдовте. Добро е, издржав, инаку срцето ќе ми пукнеше од среќа“, кажа Ефтимова по настапот на оперските пејачи во нејзина чест, а за време на настапите на нејзините помлади колеги ги потпевнуваше ариите кои ги пеела на домашната и на светските оперски сцени.

Во музејот се изложени лични предмети на Ефтимова: фустани во кои настапувала, плакети, фотографии и награди. Автор на изложбата е Василија Чали , соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура.

Фустаните во кои настапувала Ефтимова се дел од изложбата која ќе биде отворена до 15 јануари следната година (Фото: Ѓ. Личовски)

„Таа е вокален солист, кој отпеал четириесет оперски улоги, многубројни партии во ораторијални дела, кантати, многу соло песни. Уметник, кој повеќе од 1.200 пати застанал на оперската и на концертна сцена, во дваесетина земји на светот. Таа е вокален солист, примадона на македонската опера, која во текот на својата повеќедецениска кариера, сето она што го вградила во музичката култура кај нас, но и во други земји каде што делувала, е мошне значајно“, рече професорот д-р Александар Трајковски, музичкиот публицист кој е и личен пријател на Ефтимова.

Во чест на Ефтимова настапи првенката на Националната опера и балет, сопранот Весна Ѓиновска- Илкова (Фото: Ѓ. Личовски)

„Милка Ефтимова имаше голема желба и донираше 183 лични предмети: фотографии, благодарници, креации во кои настапувала. Од семејно наследство, тие сега добија музејска значајност“, кажа директорката на Музејот м-р Даниела Николова.

Познати оперски арии, во пијано придружба на Андреј Наунов, испеаја Весна Ѓиновска-Илкова, Владимир Саздовски, Ристе Велков и Јаворка Витанова.

Ефтимова со музичкиот публицист Александар Трајковски и со директорката на музејот Даниела Николова (Фото: Ѓ. Личовски)

Милка Ефтимова е родена во Радовиш во 1936 година. Завршила средно музичко училиште во Штип, музичка академија во Љубљана, и предавала на Факултеот за музичка уметност и во средното музичко училиште во Скопје. Во 1961 година за првпат застанала на сцената на оперскиот театар. Првата улога ѝ била Ацучена во Вердиевиот „Трубадур“, а од оперската сцена јубилејно се простила со улогата на Кармен во 1991 година. Таа ѝ била 157. претстава.

Изложбата ќе биде отворена до 15 јануари следната година.

М. ЏАРОВСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЦУК: Поради големиот дефект локално поплавување на објекти и без вода ќе остане поголем реон во централно градско подрачје во Скопје

Следно

Израелската војска призна дека по грешка убила тројца заробеници во Газа

Latest from Blog

Николоски: Државата е посветена на препораките на УНЕСКО

Висока владина делегација оствари средба со највисокото раководство на УНЕСКО, на која беше потврдена јасната определба на државата за спроведување на преземените обврски за заштита на Охридскиот Регион како природно и културно

Расчистен подрумскиот простор на Центарот за култура во Прилеп

Подрумскиот простор на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, кој со години беше користен како несоодветен паркинг, повторно се враќа во својата намена и функционалност, соопштија од Општина Прилеп. Во координација

Европол: Разбиена криминална мрежа за шверц на кокаин од Јужна Америка во Исланд

Се проценува дека таа криминална мрежа остварила нелегална заработка од околу четири милиони евра од трговија со кокаин, се наведува во соопштението на Европол. Во координирана операција спроведена на 4 февруари уапсени

Стручна јавна расправа по однос на предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање

Во просториите на Министерството за транспорт денеска се одржа стручна јавна расправа по однос на предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање. Целта на истата е на најтранпарентен начин со

Соопштение од Општина Прилеп за состојбата и иднината на ФК Победа

Општина Прилеп со големо жалење ја прими веста за одлуката на раководството на ФК Победа за повлекување на сениорската екипа од натпреварувањето во Втората македонска фудбалска лига. Како институција која е секогаш
Go toTop