Издавачкиот центар „Алдебаран“ го одбележа 4 јануари- Светскиот ден на Брајовото писмо

January 4, 2023
1 min read

Во чест на одбележувањето на 4 јануари – Светскиот ден на Брајовото писмо, востановен од Обединетите нации во чест на неговиот создавач Луј Брај, Издавачкиот центар АЛДЕБАРАН заедно со Печатницата Тифлографика, на Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ Скопје ќе му подари примероци од изданијата на Брајово писмо кои беа објавени минатата година.

Издавачкиот центар Алдебаран во рамките на својата издавачка дејност, објави седум нови книги на Брајово писмо, и тоа лектирни изданија за основните и средните училишта, во настојувањето да ја поддржи и помогне употребата на Брајовото писмо и да ги направи достапни класичните дела од светската и македонската книжевност до учениците кои се користат со истото.

Во нови преводи од англиски на македонски јазик беа објавени Алиса во земјата на чудата од Луис Карол во превод на Елена Кавракова Коруноска, Повикот на дивината од Џек Лондон во превод на Горјан Костовски и Петар Пан од Џејмс Метју Бари во превод на Ана Топенчарова Коваческа, како и класичните дела од македонската книжевност за деца Волшебното самарче од Ванчо Николески, Големи и мали од Бошко Смаќоски, Големата вода од Живко Чинго и Силјан штркот – Басни од Марко Цепенков, со што Благодарение на поддршката од Министерството за култура, во рамките на Годишната програма за поддршка за културата во 2023 година, беа покриени дел од трошоците за подготовка на овие публикации, но е значајна во скапиот и сложен и долготраен процес на подготовка и печатење. За првпат се поддржани толку публикации, што е драстична промена од страна на Министерството за култура, кои ги препозна и поддржа настојувањата на ИЦ Алдебаран да им овозможи достапност до светските и македонските книжевни класици на учениците во основното и средното образование, но и на сите други кои го користат Брајовото писмо.

Благодарни сме на соработката со други одговорни поединци и компании кои го помогнаа излегувањето на овие публикации, како и на сите оние кои се вклучија и ја поддржуваат нашата кампања за достапност на публикациите на Брајово писмо до сите библиотеки во Македонија. Пред сѐ, благодарност и до Општина Кисела Вода и градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, кои втора година по ред го одбележуваат Светскиот ден на Брајовото писмо и подаруваат книги на училиштето „Димитар Влахов“.

Веруваме дека нашиот скромен придонес и ентузијазам ќе ги придонесе кон идни проекти и на други издавачи, но и поактивна вклученост на сите други институции и компании за потребата од користењето на Брајовото писмо во пресрет на 200-годишнината од неговото создавање и употреба.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

МЖСПП: Воздухот во Кичево загаден, надминат прагот на алармирање на ПМ10 честичките

Следно

ВМРО-ДПМНЕ не добиле покана за разговори: Нема да одбиеме средба, но нема да поддржиме уставни измени

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе

Клековски им порача на крушевчани дека со смената на локалната власт во градот ќе направат уште повеќе

Членот на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ Клековски денеска во посета на крушевските села и на самото Крушево со ветување дека кога ќе ја преземат локалната власт, ќе направат уште повеќе за
Go toTop