Изборна комисија на Русија: Излезноста на претседателските избори надмина 55 отсто

March 17, 2024
1 min read

МОСКВА (АА) – Одѕивот на гласачите на претседателските избори во Русија надмина 55 отсто на вториот ден од гласањето, соопшти синоќа Централната изборна комисија на Русија, јавува Анадолу.

Тридневното гласање за избор на следниот претседател започна во петокот, а актуелниот претседател Владимир Путин бара петти мандат.

Останатите тројца кандидати се Владислав Даванков од Новата народна партија, Леонид Слуцки од Либерално-демократската партија на Русија и Николај Харитонов од Комунистичката партија.

Претседателката на руската Централна изборна комисија, Ела Памфилова, на брифингот со новинарите во Москва изјави дека во Русија се отворени повеќе од 94.000 избирачки места. Може да се гласа од 8 до 20 часот по локално време, а отворени се 295 избирачки места во 144 земји во странство.

Гласачите имаат можност да гласаат и онлајн на порталот Државни услуги.

Првиот ден од гласањето беше одбележан со зголемена активност, со излезност од 36,12 отсто, соопшти Централната изборна комисија.

Комисијата извести и за осум инциденти кога лица се обиделе да запалат објекти каде што се наоѓале избирачки места.

Интернет-провајдерите во Русија пријавија зголемен број ДДОС-напади од Украина и Северна Америка, истакнувајќи дека имало повеќе од 90.000 обиди за напади врз ресурсите на Централната изборна комисија, порталот за Државни услуги и други владини веб-страници.

Првите резултати од претседателските избори во Русија се очекуваат вечерва по 21:00 часот по московско време.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Русите трет ден гласаат за претседател, додека се најавуваат протести

Следно

„Ако не победам на изборите ќе има крвопролевање“ – Трамп со брутални навреди до Бајден, му се обрати и на кинескиот претседател

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop