Избори во Туркије: Укината забраната за емитување

May 14, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Претседателот на Врховната изборна комисија на Туркије (ЈСК), Ахмет Јенер, истакна дека во 18:30 часот по локално време ја укинале забраната за емитување во врска со претседателските и парламентарните избори во земјата, јавува Анадолу.

Јенер, во изјавата за медиумите, нагласи дека изборите на национално ниво завршија мирно, додека процесот на гласање заврши низ целата земја во 17:33 часот по локално време.

Почна броењето на гласовите за да се утврдат резултатите од претседателската трка меѓу претседателот Реџеп Таип Ердоган, кој бара реизбор, главниот кандидат на опозицијата Кемал Киличдароглу и кандидатот Синан Оган.

Граѓаните на Туркије денес гласаа на претседателските и парламентарните избори и избираа меѓу тројца претседателски кандидати, 24 политички партии и 151 независен кандидат за Парламентот, кој има вкупно 600 пратенички места.

Право на глас на изборите имаа 64,11 милиони луѓе, а првпат имаа можност да гласаат над 4,9 милиони турски граѓани.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Македонското прашање е една од темите на денешниот Собор на Српската православна црква

Следно

ЕУ го поздрави прекинот на огнот во Газа

Latest from Blog

Трамп: Зеленски се обидува да се повлече од договорот за ретки минерали

ИСТАНБУЛ (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека украинскиот претседател Владимир Зеленски се обидува да се повлече од договорот за ретки минерали, предупредувајќи го дека тоа би можело да има сериозни

Алкалоид избори полуфинале во Европскиот куп

Ракометарите на Алкалоид вечерва испишаа историја со пласман во своето прво европско полуфинале. Во салата Автокоманда во Скопје, домаќините забележаа победа против Баја Маре од Романија со 32:25 во реваншот од четвртфиналето

24 интервју со Илија Блажевски: Што имаат да кажат младите за неказнивоста, импровизациите, отсуството на правда и случајот со дискотеката на смртта во Кочани?

Што имаат да кажат младите за неказнивоста, импровизациите, отсуството на правда и случајот со дискотеката на смртта во Кочани? На оваа тема разговараме со Илија Блажевски, дипломиран на факултетот за безбедност и
Go toTop