Македонското прашање е една од темите на денешниот Собор на Српската православна црква

May 14, 2023
1 min read

На денешната богослужба во црквата Свети Сава во Белград на која се одржува Соборот на СПЦ се разгледува што ќе се случи со Православната Охридска Архиепископија која беше формирана во рамките на Српската црква, а тема на разговор е и косовското прашање

Според агенцијата Бета, македонското прашање секако ќе биде пред патријархот и пред епископите, откако на минатиот Собор во 2022 г. беше одлучено Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ) да добие томос за автокефалност, со што ќе се надмине спорот што настана кога таа неканонско се оддели од Српската црква од автономна во целосно независен статус.

„Бидејќи Соборот е одговорен за најважните одлуки, можно е да соопшти што се случува со Православната Охридска Архиепископија (ПОА) формирана како автономна во рамките на Српската црква, што беше одговор на долгогодишното одбивање на МПЦ да се врати во таков статус“,

пишува Бета.

Во пресрет на седницата на Соборот, како што дознава Бета, во Белград престојувала делегација на МПЦ и во Патријаршиската палата разговарала со патријархот Порфириј. Официјална најава за средбата нема, но опцијата која претходно се споменуваше е ПОА да се интегрира во МПЦ и да добие места во епархиите. Во краткото официјално соопштение на СПЦ не се споменуваат никакви теми, освен доставување извештаи од епархиите и црковните органи, но Косово е редовна тема и се очекува така да биде и на овој Собор, кој според практиката заседава зад затворени врати.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туркије: Завршено е гласањето на претседателските и парламентарните избори

Следно

Избори во Туркије: Укината забраната за емитување

Latest from Blog

ВЛЕН: 25 години по Охридскиот договор, еднаквоста се претвора во закони, а развојот во конкретни инвестиции

По повод 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, коалицијата ВЛЕН, како дел од Владата, организираше повеќе панели и активности посветени на децентрализацијата, локалниот развој, еднаквоста и европската иднина на земјата. На

Фараж се врати во британскиот парламент — победи на изборите што самиот ги предизвика

Традиционалните партии ги бојкотира дополнителните избори, откако Фараж се обиде гласањето да го претстави како референдум за неговата борба против „естаблишментот“. Поради тоа, негов главен противкандидат беше комедијантот Џонатан Харви преправен во

Вечер за паметење со Симон Трпчески во Охрид: „Сите си го сакаме бисерот на Македонија, сега полесно се стигнува“

Македонскиот пијанист со светска слава Симон Трпчески синоќа приреди незаборавна музичка вечер во Античкиот театар во Охрид, каде пред публиката не само што ја презентираше својата музика, туку сподели и лични спомени
Go toTop