Избори во Белград по втор пат, но зошто се важни?

June 2, 2024
2 mins read

Сега дел од опозицијата ги бојкотира изборите во Белград, сметајќи дека изборните услови не се подобри.

По декемвриските избори, опозицијата ја обвини власта за изборна кражба, тврдења што владејачката Српска напредна партија (СНС) и државниот врв ги отфрлија.

Меѓутоа, меѓународните набљудувачи открија голем број нерегуларности, додека ОДИХР издаде 25 препораки за подобрување на изборниот процес.

Зошто е важен Белград?

Победата на изборите во Белград е важна од повеќе причини.
Не само на ниво на симболично значење поради освојувањето на власта во главниот град, туку и поради економските фактори.

Имено, Белград има буџет кој претставува нешто повеќе од една десетина од државната каса. Исто така генерира и 40 отсто од бруто домашниот производ (БДП) на Србија, поради што е на водечка позиција.

На пример, на листата следи Војводина со 26,4 отсто учество во БДП, но токму во Белград се големиот број инвестиции, но и големите проекти.

Такви се деловно-станбениот комплекс „Белград на вода“, и изградбата на националниот стадион и изложбениот комплекс ЕКСПО.

Според последниот попис од 2022 година, една четвртина од населението на Србија живее во главниот град. Право на глас на изборите на 2 јуни во Белград ќе имаат 1.602.150 гласачи.

Кандидирани се 14 изборни листи

Граѓаните на Белград во недела на избирачките места ќе можат да избираат меѓу 14 изборни листи.

Додека владејачката Српска напредна партија ги „зајакнуваше“ своите редови, опозицијата беше поделена околу учеството на изборите во Белград.

Прогресивците сега на изборите се кандидираат со Социјалистичката партија на Србија (СПС), која е нивен коалициски партнер од доаѓањето на власт во 2012 година.

На листата на прогресивци овојпат ќе се најде и десничарската партија „Заветници“, која не го помина цензусот на претходните избори.

Но, претседателката на партијата Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски е избрана за министер за грижа во семејството и демографија на Владата на Србија.

Зошто опозицијата се подели?

Дел од опозицијата реши да го бојкотира Белград, барајќи одложување на сите локални избори за наесен за да има доволно време за подобрување на изборните услови.

Ова доведе до колапс на коалицијата „Србија против насилството“, која беше втора на декемвриските избори.

Шест од девет нејзини членови се кандидираат на изборите под слоганот „Го избираме Белград“. Тоа се Зелено-левичарскиот фронт „Не го давиме Белград“, Народното движење на Србија, Демократската партија, Еколошкото востание, Движењето на слободни граѓани и Новиот лик на Србија.

Тројца членови – Партијата на слободата и правдата, Србија центар и Заедно ги бојкотираат изборите во Белград, како десничарската коалиција НАДА.

Каков беше резултатот на партиите во декември?

Коалицијата околу Српската напредна партија на декемвриските избори освои 49 од 110 мандати во градското собрание на Белград. Опозициската коалиција „Србија против насилство“ имаше 43.

Третопласирана беше коалицијата НАДА со 7 советници.
Десничарската и проруска група „Ние, гласот на народот“, која беше формирана пред изборите, освои 6 мандати, додека Социјалистичката партија на Србија имаше 5 советници.

Во декември на изборите во главниот град учествуваа околу 60 отсто од запишаните во избирачкиот список. Советниците на општинските собранија или градските собранија се избираат на локални избори со мандат од четири години.

Градоначалникот го избира Градското собрание, од редот на советниците. Во распределбата на мандатите можат да учествуваат само изборните листи кои добиле најмалку 3 отсто од гласовите од бројот на гласачи кои гласале.

Но, изборната листа на националните малцинства учествува во доделувањето на мандатите и кога ќе добие помалку од 3 отсто од гласовите.

Спојување на избори во Белград и други градови

Освен во Белград, во недела се одржуваат локални избори и во уште 88 градови и општини.

На инсистирање на опозицијата, изборите во другите локални самоуправи кои не се одржаа во декември, а беа планирани за есен, беа комбинирани со изборите во Белград.

Тоа е овозможено со измените на Законот за локални избори со кои се сменија роковите за нивно распишување.

Донесени се и измени на Законот за единствен избирачки список со кои се предвидува граѓаните кои го промениле местото на живеење во изминатите 11 месеци да не можат да гласаат на својата нова адреса.

Овие измени на законот беа договорени меѓу пратеничките групи на предлог на опозицијата.

На крајот на април, врз основа на препораките на ОДИХР беше формирана Работната група за подобрување на изборниот процес, која ја сочинуваат членови на власта и опозицијата, како и претставници на малцинствата и невладиниот сектор.

По вонредните парламентарни, покраински и локални избори во 65 градови и општини одржани во декември, ОДИХР даде 25 препораки за подобрување на изборниот процес.

Мисијата на ОДИХР (Канцеларија за демократски институции и човекови права на ОБСЕ) има свои набљудувачи на локалните избори на 2 јуни.

Извор: slobodnaevropa.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Гаши – ни треба дијалог внатре и со соседите

Следно

Во Србија денеска се одржуваат локални избори за 89 градови и општини, се гласа и на повторените избори за град Белград

Latest from Blog

Гешоска во Аргумент плус: Потребна е поголема финансиска поддршка за Саемот на книга

Искра Гешоска претседателка на „Контрапункт“ во Аргумент плус рече дека, читачкиот пазар во Македонија е мал. Според неа, потребни се модели на финансирање со кои ќе се поддржи Саемот на книгата. „Покомплексен

Турскиот министер Фидан и американскиот државен секретар Рубио разговараа за билатералните односи и регионалните прашања

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, и американскиот државен секретар Марко Рубио денес разговараа за билатералните односи и регионалните прашања, вклучувајќи ги Сирија, Газа и Украина, соопштија турски

Муцунски ја посети болницата „Каролинска“ во Стокхолм, каде беа хоспитализирани повредените од пожарот во Кочани

Министерот Муцунски ја посети болницата „Каролинска“ во Стокхолм, каде беа хоспитализирани македонските пациенти повредени во пожарот во Кочани Во рамки на дводневната работна посета на Шведска, министерот за надворешни работи и надворешна

Актуелниот премиер Еди Рама е на пат да го обезбеди четвртиот последователен мандат

Социјалистите со убедливо предство на изборите во Албанија. Актуелниот премиер Еди Рама пред уште еден четиригодишен мандат. Податоците на центрачната изборна комисија покажуваат дека Социјалистичката партија, која е во коалиција единствено со
Go toTop