ИВЗ СЕ ПРОТИВИ НА ТРАНСФОРМАЦИЈАТА НА ЈЕНИ ЏАМИЈА ВО МУЗЕЈ НА ХРИСТИЈАНСКАТА И ИСЛАМСКАТА КУЛТУРА, БАРА ДА Ѝ СЕ ВРАТИ ЗА ДА БИДЕ ВЕРСКИ ОБЈЕКТ

November 22, 2024
1 min read

Исламската верска заедница (ИВЗ) испрати реакција до премиерот Христијан Мицкоски, министерот за култура и туризам Зоран Љутков и дипломатските преставништва во земјава искажувајќи длабока загриженост по синоќешното отворање на Јени џамија во Битола како Музеј на христијанско и исламско културно наследство. За нив е неприфатливо да не се консултура ИВЗ за оваа иницијатива, нити да се бара согласност за нејзината трансформација.

„Џамијата била изградена во 1558 за време на отоманскиот период. Во времето на комунизмот, државата ја заплени и ја претвори најпрво во магацин, а потоа во уметничка галерија. ИВЗ бараше да им биде денационализирана и да се користи од страна на верниците како место за богослужба. Но, државата, поточно Министерството за култура, никогаш не го исполнија ова наше легитимно барање и со години ја држеа затворена, а сега ја трансформираа во Музеј без согласност на ИВЗ“, пишува во нивната реакција.

Тие ги повикаа надлежните државни органи да ги остварат своите овластувања согласно законските одредби, како и дипломатските преставништва и локални и меѓународни културни институции да ја заштитат Јени џамија како исламски верски објект и значителна културна вредност. Во реакцијата изразуваат надеж дека ова ќе се реши „со цел да се зачува соживотот и мирот како скапоцена вредност во нашата држава“.

Исламската верска заедница со години ја тужеше државата за да си ја врати џамијата во владение, но ги изгуби судските спорови.

Јени џамија која синоќа беше отворена како Музеј во себе ги има зачувана џамијата, а под застаклениот под се гледаат темели на црквата „Свети Ѓорѓи“. Ова се наоди од долгогодишни археолошки истражувања на битолскиот Завод и Музеј кој одлучи во духот на мултикултурна Битола, објектот да ги спои двете вери и култури како симбол на соживот.

Музејот од денес е отворен за посета на туристи.

Ж. ЗДРАВКОВСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

За аерозагадувањето чекаме да дувне ветрот: Многу ветувања, малку мерки

Следно

Започна новогодишното украсување во Центар – се поставуваат внимателно избрани декорации, елки и светлосни фигури

Latest from Blog

Фото: Супер провокативно издание на Марго Роби, гол грб и проѕирен фустан

Добитничката на Оскар, убавата актерка Марго Роби на промоцијата блесна во проѕирен фустан од колекцијата„ Armani Prive“ пролет 2025. Ова е едно од нејзините први јавни појавувања откако стана мајка минатата есен,

Алкараз со дабл учинок: МУ ГО ЗЕМА НА СИНЕР И ЛИДЕРСТВОТО И ДЕВОЈКАТА… Битката продолжува

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз има нова девојка. Станува збор за моделот Брукс Надер кој во последно време е тема на светските медиуми – сега знаеме зошто… Други вести ја потврдуваат првата: Брукс
Go toTop