ИВАН ПОПОВСКИ ГИ ОЖИВЕА СЛИКИТЕ НА СТАРИТЕ МАЈСТОРИ ВО ОПЕРАТА „ТРУБАДУР“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

May 10, 2024
1 min read

Одлична претстава, ништо помалку не се ни очекуваше од Иван Поповски, македонскиот режисер со светска кариера, коментираше публиката во Националната опера и балет (НОБ) по синоќешната премиера на операта „Трубадур“. Со операта од Верди во полниот салон на НОБ беа отворени 52. Мајски оперски вечери.

На радост на македонската публика, на вработените во НОБ, Поповски за првпат режираше опера во Скопје, која му е и 11. во богатата кариера, по оперите во Русија, меѓу кои и во Бољшој театарот во Москва.

Владимир Саздовски како Ферандо. (Фото: К. Попов)

Поповски вели дека музиката во ова Вердиево дело е генијална и космичка, а синоќа одлично звучеше со Оркестарот на НОБ под диригенство на Енрико Довико од Италија.

Во „Трубадур“ на Поповски видовме игра со светлото како во сликите на старите мајстори. Драматично осветлување на одделни фигури и на групи на темна позадина. Сцените беа изрежирани како секвенци, како фотографии од слики на Рембрант, на Караваџо, со силни асоцијации на популарни масовни композиции. Контрастот на сноповите светлина и длабоката темнина беше присутен во траорните сцени, интерпретирани со силни емоции. Костимите ја надополнија во целост богатата естетика на претставата, решение на реномираниот Миодраг Табачки од Србија, како и одличната кореографија на Саша Евтимова.

Сандра Митровска и Ана Ројдева како Леонора и Инес. (Фото: К. Попов)

„Театарот пробува да објасни, приближи, да материјализира и да спушти на земја, а музиката лета и е неопиплива. И тоа е судир, тежок спој во кој операта е во опасност да умре уште пред да се роди. Многу ретко се случува двајцата лидери – диригентот и на режисерот, да се спојат во хармонија. Во последната деценија главен е режисерот кој не обраќа големо внимание на музиката и тоа е на штета на музиката која во ова дело на Верди е генијална и космичка. Тематски ме инспирира борбата меѓу највозвишеното и најпримитивното“, вели Поповски.

Сандра Митровска, Зоран Стоев и Марјан Јованоски како Леонора. Манрико и грофот Луна во „Трубадур“. (Фото: М. Угарковиќ)

Басот Владимир Саздовски и сопранот Сања Анастасија од Србија беа солисти кои добија најголеми овации, како и тенорот Зоран Сотиров, сопранот Сандра Митровска и баритонот Марјан Јованоски. Учествуваа и Дејан Стоев, Ана Ројдева, Тихомир Јакимовски, Јане Дунимаглоски.

Убав гест беше на крајот кога Поповски ја извади буквално и целата екипа од зад сцената, која исто така доби овации.

Уметничката директорка на Балетот, Олга Панго (десно). (Фото: К. Попов)

Репризата е на 11 мај со диригентот Иван Еминовиќ, со Филипе Рохас (Чиле), Ристе Велков, Криста да Силва од Канада, Сања Анастасиа, Владимир Саздовски, Јане Дунимаглоски, Ана Ројдева, Тихомир Јакимовски и Дејан Стоев.

Гордана Сиљановска-Давкова, која на 12 мај ќе стане претседателка на државата, со оперската легенда Милка Ефтимова. (Фото: К. Попов)

Фестивалскиот оган го запали оперската певица Славица Галиќ-Петровска. Со министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и директорот на НОБ, Васо Ристов. (Фото: К. Попов)

Радмила Шеќеринска. (Фото: К. Попов)

Сопранот од Канада, Криста да Силва на 11 мај ќе ја пее улогата на Леонора. (Фото: К. Попов)

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На Роберт Кенеди му фали мал дел од мозокот

Следно

„Меморија“ со патриотски сплет „Македонски бисери“ и голем концерт во „Дом на млади“ во Штип (ВИДЕО)

Latest from Blog

Николоски: Инвестициите во Коридорите 8 и 10 ќе ја поврзат Македонија со регионот и ќе донесат силен економски развој

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски денеска на два одвоени форуми „Македонија 2025“ и Македонско-Албанскиот бизнис форум ги презентираше клучните инфраструктурни проекти, инвестициите и нивното економско влијание врз државата

Поранешна фудбалерка стана прв спортски директор на Бундеслигаш

Поранешната професионална фудбалерка Кетлин Кригер ќе стане нов спортски директор на бундеслигашкиот клуб Хамбургер , наследувајќи го Стефан Кунц. Клубот од Северна Германија го објави ова во вторник. Хамбургер не ја откри

„Златната купола“ на Трамп ќе чини 1,2 билиони долари, тој најави дека ќе биде далеку поевтина

Планот на претседателот Доналд Трамп за поставување оружје во вселената, програмата за ракетна одбрана позната како „Златната купола на Америка“, ќе чини околу 1,2 трилиони долари во текот на 20 години, според
Go toTop