Италијанските Евреи упатија јавен апел против етничкото чистење во Газа

February 27, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Над 200 италијански Евреи потпишаа јавен апел преку дневниот весник „La Repubblica“ со цел да се спротивстават на етничкото чистење во Газа, јавува Анадолу.

„Италијанските Евреи порачуваат: Не за етничкото чистење! Италија не смее да биде соучесник“, се вели во текстот на апелот објавен вчера.

Исто така, се истакнува дека американскиот претседател Доналд Трамп сака да ги протера Палестинците од Газа, додавајќи дека на Западниот Брег „насилството на израелската влада и доселениците продолжува“.

Американскиот претседател повика САД да ја „преземат“ Газа, која е уништена од немилосрдното бомбардирање на Израел, и да го преселат нејзиното население за да ја обноват енклавата и да ја направат „Ривиера на Блискиот Исток“.

Идејата беше жестоко отфрлена од арапскиот свет и други земји, нагласувајќи дека тоа е етничко чистење.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Комисијата за здравство ќе организира надзорна расправа за аерозагадувањето

Следно

Ердоган: Туркије очекува ЕУ да преземе конкретни чекори за унапредување на односите

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска по разговорите со ММФ: Следуваат нови економски чекори

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оствари конструктивен состанок со извршниот директор во Меѓународен монетарен фонд, Јерон Клик, на кој се разговарало за актуелните економски состојби и предизвиците со кои се соочува земјата.

Средношколците влегуваат во светот на бизнисот: започна „Бизнис предизвик за средношколци 2026“ со парична награда за старт-ап бизнис

Со учениците од СУГС „Никола Карев“ Скопје денеска започна националниот проект и хакатон-серијал „Бизнис предизвик за средношколци 2026“ образовна иницијатива што ги поврзува средните училишта со реалниот бизнис-сектор и им овозможува уште во

Почнува проектот Forest Fire Struga, финансиран во рамки на Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија

Почетен настан од проектот Forest Fire Struga (FFS) ќе биде организиран денеска во Скопје, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување која е координатор на проектот. -Проектот Forest Fire Struga (FFS) е финансиран
Go toTop