Италија ја истражува Мета

April 6, 2023
1 min read

Италијанскиот регулатор за пазарна конкуренција соопшти дека покренал истрага против сопственикот на Фејсбук, Мета, тврдејќи дека ја злоупотребил својата доминантна позиција на пазарот во преговорите со друштвата на уметниците за исплата на хонорари за објавување на нивните дела.

Италијанското друштво СИАЕ претставува актери, танчери и други уметници и преговараше за лиценца со Мета за користење на нивните авторски дела на платформи како Фејсбук и Инстаграм. Платформите на Мета преговараат со компаниите кои ги застапуваат уметниците за условите за објавување на нивните дела и за плаќање на хонорарите.

Договорот меѓу Мета и СИАЕ истече во јануари, а преговорите за негово продолжување заглавија. На крајот на март Мета ја забрани музиката на уметниците претставени од компанијата на своите платформи. Музиката на членовите на италијанското друштво повеќе не е достапна ниту во постарите објави.

Според гледиштето на регулаторот, Мета ја искористила економската зависност на СИАЕ и и наштетила на нејзината конкурентност. Надлежните забележуваат дека Мета ги спречила музичарите на СИАЕ да ги промовираат своите дела на други социјални мрежи.

– Американската компанија е подготвена да соработува со италијанските власти, изјави вчера портпаролот на Мета, додавајќи дека сака да постигне договор што ќе им одговара на двете страни.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Русинката која Хаг сака да ја уапси зборуваше на состанокот на ОН, некои ја напуштија салата

Следно

Трамп го гони обвинител кој се поврзува со Сорос

Latest from Blog

Акциите на Тесла скокнаа откако Маск потврди дека тестира беспилотно роботско такси

Акциите на „Тесла“ пораснаа за речиси 5 проценти на највисоко ниво за речиси една година откако нејзиниот сопственик Илон Маск потврди дека американскиот производител на електрични возила тестира роботско такси без монитори

Неверојатно: Невидена доминација, 96 официјални меча и исто толку победи!

ФОТО: arkadag-fk.com Неверојатно. Невидена доминација на еден клуб во својата земја, а основан е во 2023 година. Фудбалската сезона во Туркменистан, земја со 7,5 милиони жители во Централна Азија, заврши. Шампион е

Мицкоски: Владата нема да влезе во процес на уставни измени без исполнување на два клучни услови

Владата нема да влезе во процес на уставни измени без исполнување на два клучни услови, изјави премиерот Христијан Мицкоски. -Важно е две работи да се константа и тие се непроменливи. Прво, мора
Go toTop