Италија го прославува Денот на Републиката со национални свечености

June 2, 2025
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – Италија денес ја одбележа 79-годишнината од преминот од монархија во република со национални свечености по повод Денот на Републиката, јавува Анадолу.

Во рамките на официјалните церемонии што се одржаа во главниот град Рим, акробатскиот тим на италијанското воено воздухопловство, Фрече Триколори, изведе спектакуларен прелет на ниска надморска височина над споменикот на Виктор Емануел II.

Тие зад себе оставија траги во боите на италијанското знаме – зелена, бела и црвена – обоените линии што го разубавија небото над Вечниот Град.

Денот на Републиката се слави во чест на историскиот референдум од 1946 година, кога италијанските граѓани гласаа за укинување на монархијата и воспоставување република, по падот на фашизмот и крајот на Втората светска војна.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тепачка пред фитнес клуб во скопски Чаир: Две лица со убодни рани завршиле на клиника

Следно

Инзаги утре ќе одлучи каде ќе ја продолжи тренерската кариера

Latest from Blog

Аксиос: Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот

Високи претставници на трите земји одржаа одделни разговори со претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, наведе извор пренесен од американскиот портал. „Медијацијата е во тек

Повторно ќе сведочи ,,клучниот” сведок за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, Самоил

Поминаа три години од денот кога му се изгуби секаква трага на Самоил Костадиновски, кој е внук од брат на сопругата на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Тој бил киднапиран,
Go toTop