Италија блесна на гостувањето во Турција, Франција во финишот ја победи Белгија

September 28, 2026
1 min read

Репрезентацијата на Италија славеше убедливо со 4:1 на гостувањето во Турција, во меч од второто коло од Лига на нации. Со овој триумф Аѕурите стигнаа до првите бодови во оваа сезона, откако во првото коло загуби од Белгија со 0:2.

Уште во првите половина час Италија стигна до убедливо водство. Бастони погоди во 9 минута за водство од 1:0, а потоа погодија и Фратели и Кајоде, па Аѕурите на полувреме заминаа со водство од 3:0. На почетокот од вториот дел Турција преку Јилмаз намали на 1:3, но брзо потоа погоди Еспозито за 1:4 и на крајот сигурна победа на четирикратниот светски првак.

Во дербито на вечерта, Белгија пред своите навивачи загуби од Франција со 0:1. Моментот на одлука се случи во финишот на средбата кога Мајкл Олисе погоди во 87 минута за три бода на Галските петли. Во оваа група Франција е со максимални шест бодови, пред Белгија и Италија со по три бодови, додека Турција е без бодови.

Во Б сегментот беа одиграни четири меча. Босна и Херцеговина со 4:2 славеше на гости кај Романија, Шведска со 3:1 ја победи Полска, а без голови завршија дуелите меѓу Грузија – Украина и Северна Ирска – Унгарија.

Победнички во Ц сегментот и тоа на гости кај Ерменија се враќа Црна Гора која славеше со 3:2. Летонија и Кипар одиграа без голови.

Извор: sportmanija.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трамп го прашал Си дали сака да купи американско оружје

Следно

PDK mban nesër konferencë për media

Latest from Blog

Мерц, АНГЕЛА РЕЧЕ „НЕ“ (ВИДЕО)

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел смета дека Христијанско-демократската унија (CDU) не треба да соработува со крајно десничарската Алтернатива за Германија (AfD). „Би ми било тешко да се влезе во коалиција со нив,

ВИДЕО – Проданоски: Инвестираме во патната врска меѓу Прилеп и Долнени

Се рехабилитира локалниот пат што поминува низ Мажучиште и ги поврзува општините Прилеп и Долнени, во должина од околу два километра, информира градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според него, делницата има значајна

Петмина загинати во поплави во Турција – издадено предупредување за 45 провинции

Турската генерална дирекција за метеорологија издаде жолто и портокалово предупредување за 45 провинции, вклучително и за Истанбул, поради најавените обилни врнежи и силен ветер, објавија турските медими. Поради опасноста од ненадејни поплави,

Меџити: Продолжуваме со реализацијата на мастер-планот за урбан развој на Чаир

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со урбанистот и архитект од Турција, Бајрам Вардар, изврши теренски увид во реализацијата на проектите опфатени со мастер-планот за урбан развој на општината. При посетата
Go toTop