Истражување: Можна поврзаност меѓу цревниот микробиом и појавата на аутизам

February 13, 2024
1 min read

Израелски научници открија можна врска меѓу нарушувањата од аутистичниот спектар и составот на цревниот микробиом, што овозможува да се проучат долгорочните последици на интервенциите врз микробите во раните фази на развој на детето и нивното влијание врз развојот на мозокот.

Аутизмот е развојно нарушување што влијае на комуникацијата, социјалната интеракција, однесувањето и интересите на една личност. Тоа се нарекува нарушувања од „спектрумот“, бидејќи, по правило, различно влијаат на луѓето. Според американските центри за контрола и превенција на болести, повеќе од 75 милиони луѓе ширум светот се на тој „спектрум“.

Научниот труд на тимот научници од Универзитетот „Бар-Илан“ во Израел откри значајни разлики во алфа и бета-различноста кај луѓето со аутизам. Во истражувањето учествувале 96 лица со аутизам и 42 невротипни лица. Дополнително, утврдено е дека одредени видови бактерии се позастапени кај лицата со аутизам.

Посебно се истакнуваат зголемената алфа-различност и поголемото ниво на некои бактерии кај лицата со аутизам. Вообичаено, намалената алфа-различност се поврзува со лошо здравје, но нејзиното неочекувано зголемување влијае и на невролошки нарушувања. Бактериите коишто вообичаено се присутни во дигестивниот тракт на човекот може да предизвикаат негативни здравствени ефекти кога се присутни во прекумерни количини.

Натамошни експерименти на новородени глувци тестирани со бактеријата „Bacteroides fragilis“ открија дисфункција на социјалното однесување, зголемено повторувачко однесување и дисрегулација на генската експресија.

– Нашето испитување покажува дека прекумерното присуство на „Bacteroides fragilis“, особено на рана возраст, може да има функционални последици за лицата со аутизам. Ова фрла нова светлина врз сложениот однос меѓу микробиомот и невро-развојот кај лицата со аутизам, вели проф. д-р Еван Елиот.

Ефектите особено се забележани кај машките глувци, што укажува на можна полова специфична подложност на фактори на животната средина коишто придонесуваат за развој на аутизам. Ова откритие ја нагласува потребата од натамошна истрага за родовите специфични аспекти на спектарот на аутизмот и улогата на микробиолошкиот состав, сметаат истражувачите.

Потребни се дополнителни научни истражувања за да се утврди дали манипулирањето со цревниот микробиом може да биде остварлив пристап во лекувањето аутизам.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Потресна исповед на српска актерка: Бев сексуално вознемирувана кога имав 5 години

Следно

Утре ќе се распишат претседателските избори

Latest from Blog

По разорниот земјотрес, нова трагедија во Филипини- свлечиште однесе десетина животи (ФОТО)

Еден маж е спасен од урнатините и однесен во болница со сериозни повреди, додека најмалку 115 семејства се евакуирани, соопшти локалната Канцеларија за намалување на ризиците од катастрофи и управување со вонредни

Мецола: Статус кво состојбата ја оддалечува Македонија од Европа

Претседателката на Европскиот парламент порача дека проширувањето е добивка и за Унијата и за земјите кандидати, предупредувајќи дека бесконечното чекање создава разочарување и ја поткопува довербата во европската идеја. Пораката на Мецола

Полувреме: Руиз и Де Кетеларе за 1:1! Имаше ли пенал за Шпанија? Тилеманс се повреди на загревање (ВИДЕО)

ФОТО:x.com/SpainIsFootball Шпанија – Белгија 1:1 по првото полувреме на 1/4 финалниот меч во Лос Анџелес. Спектакуларен настап на “Фуријата“ која диктираше, имаше шанси и зицери а поведе со голот на Руиз во

Израелците ликвидираа командант на единицата Нухба, елитен одред на Хамас (Вознемирувачко видео)

Израелците соопштија дека командантот на елитната единица Нухба на Хамас, Јахја Саид Мохамед Хамдан, бил убиен во нападот, објави „Тајмс оф Израел“. Според ИДФ, Хамдан учествувал во нападот врз базата Реим, каде што
Go toTop