Истражување: Кои се најголемите проблеми со кои се соочуваат граѓаните на Косово?

February 28, 2024
1 min read

Според истражувањето „Пулсот на јавноста“ објавено денеска од Програмата на ОН за развој (УНДП), најголемите проблеми со кои се соочуваат граѓаните на Косово се сиромаштијата (28,6 отсто), невработеноста (19,2 отсто) и високите цени на основните артикли (8,9 отсто).

Потоа следат здравствените услуги (осум отсто) и проблемите на урбаниот простор (3,8 проценти).

Податоците поделени по етничка припадност покажуваат дека сиромаштијата е рангирана како главен проблем на косовските Албанци (28,6 отсто), но и на другите заедници во Косово (29,5 отсто), додека како главен проблем на косовските Срби (19,5 отсто) се наведени проблемите со урбаниот простор.

Додека невработеноста беше второ најважно прашање за 20,2 отсто од косовските Албанци и 13,8 отсто од косовските Срби, цената на електричната енергија беше на второ место за 14,5 отсто од неалбанските заедници на Косово.

Извештајот покажува намалување на чувството на сигурност кај испитаниците, при што тоа го кажале 79,73 отсто од испитаниците.

Податоците поделени по пол покажуваат дека малку повеќе мажи (80 проценти) отколку жени (78,9 проценти) рекле дека се чувствуваат безбедно кога се на отворено.

Во исто време, само 37,6 отсто од косовските Срби изјавиле дека се чувствуваат безбедно, од кои 6,2 отсто изјавиле дека се чувствуваат многу безбедни, додека 31,4 отсто изјавиле дека се донекаде безбедни.

Кај Албанците 80,8 отсто се изјасниле дека се чувствуваат безбедно, од кои 25,1 отсто се чувствуваат многу безбедно, а 55,7 отсто се чувствуваат донекаде безбедно.

Што се однесува до другите заедници, освен Албанците и Србите, 80 отсто од испитаниците изјавиле дека се чувствуваат безбедно, од кои 12,5 отсто се чувствуваат многу безбедно, а 67,5 отсто се чувствуваат донекаде безбедно.

Анкетата покажува дека граѓаните на Косово се генерално задоволни од работата на претседателката Вјоса Османи (56,2 отсто) во споредба со другите високи функционери на Косово.

Податоците покажуваат дека во просек 42,44 отсто од испитаниците се задоволни од работата на централните институции на Косово, 41,8 отсто изразиле задоволство од работата на Владата, а 48,9 отсто од испитаниците се задоволни од работата на премиерот. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зеленски од Тирана: Русија ќе стори сè да го дестабилизира Балканот

Следно

Сојузниците на НАТО го отфрлија предлогот на Макрон за распоредување западни трупи во Украина

Latest from Blog

Андоновски: Првпат ќе промовираме владин центар за одговор на сајбер инциденти

Владин центар за одговор на сајбер инциденти ќе биде промовира во првата половина од наредната година, најави вечерва министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. -За многу скоро. Веќе завршуваме со дел од

ФФМ: Пласманот на Шкендија е голем успех за македонскиот клупски фудбал

Фудбалската федерација на Македонија и нејзиниот претседател Масар Омерaгиќ упатија честитки до фудбалскиот клуб Шкендија за изборениот пласман во елиминациската фаза од УЕФА Лигата на конференции. Од ФФМ оценуваат дека остварениот успех

САРАЕВО ЛИ Е ИЛИ СЕПАК НЕ Е? Толку е загадено што луѓето залутале по пат до дома

Маглата е главна но, не и едниствена важна последица на загадувањето што се акумулира во сараевскиот басен со децении. Нивото на токсични честички PM2.5 повремено го надминува дозволеното ниво за десет пати.

Чешка има нов фудбалски селектор

Репрезентацијата на Чешка, потенцијалниот наш ривал на патот кон Мундијалот во САД, Канада и Мексико следното лето има нов селектор. Се работи за искусниот Мирослав Коубек, кому му е доделена одговорноста да

Како до поквалитетни јавни услуги: Отворена панел-дискусија во Битола

Јавните претпријатија како клучен сервис на граѓаните беа во фокусот на панел-дискусијата „Како до подобри услуги за граѓаните“, организирана од Советот на Општина Битола и Општина Битола, со цел отворање транспарентен дијалог
Go toTop