Истражувач за рак споделува два додатоци во исхраната што ги зема за здраво стареење

March 14, 2024
1 min read

Синтија Томсон, нутриционист и експерт за превенција од рак, знае дека не секогаш исхраната и начинот на живот се сигурна карта против ракот.

– Бев нутриционист и трчав маратони кога ми беше дијагностициран колоректален карцином, а бев во раните 40-ти години. Некои видови рак не можеме да ги спречиме, а немаме поим зошто луѓето ги добиваат – вели таа.

Но, како што открива, низ децениското проучување на ефектите од суплементите врз десетици илјади луѓе, внесувањето доволно калциум и витамин Д може да направи јасна разлика во ризикот од развој на смртоносни болести, вклучително и некои видови рак. Всушност, се смета дека внесот на хранливи материи кај една личност, кој во голема мера е под влијание на нивната исхрана, е одговорен за околу 30 отсто од ризикот од рак.

Нејзиното последно истражување, објавено во „Аналс оф интернешнл медисин“, следело повеќе од 36.280 жени во постменопауза на кои им бил даван витамин Д и калциум или плацебо-апче во период од околу седум години.

Со текот на времето, се чинело дека овие додатоци имаат мал, но мерлив ефект врз намалувањето на смртни случаи од рак. Но, земањето на додатоците не поминало без ризици.

По 22 години истражувачите откриле намалување од 7 отсто во смртните случаи поврзани со рак кај жените што земале витамин Д и додатоци на калциум. Намалувањата биле особено импресивни за инвазивниот карцином на дојка (19 отсто) и колоректалниот карцином (31 отсто).

Но, не сите вести биле добри. Жените што ги земале двата додатоци заедно имале скромен, но мерлив за 6 отсто зголемен ризик од развој на кардиоваскуларни заболувања, што е водечка причина за смрт и кај мажите и кај жените во САД.

Тимот на Томсон не знае со сигурност што точно стои зад тоа зголемување, но се сомнева дека разликата е предизвикана од додатоците на калциум кои поттикнуваат повеќе калцификација на коронарните артерии.

– Не би сакала кардиолозигте да речат: „Никој не треба да зема додатоци на калциум“ или онколозите да речат: „Сите треба да земаат“. Потребно е индивидуално да се разгледаат луѓето – вели таа. И покрај потенцијалните срцеви ризици, Томсон и понатаму зема додатоци на витамин Д и калциум секој ден. Но, таа советува дека не треба да се копира нејзиниот режим. Наместо тоа, за секој пациент е потребна високо персонализирана терапија.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Александра Пријовиќ ги наполни арените во регионот, а само во ОВОЈ град нема интерес за нејзиниот концерт

Следно

Времето денеска: Променливо облачно со сончеви периоди

Latest from Blog

19 годишна девојка итно хоспитализирана, братот (23) случајно ја застрелал додека и го покажувал пиштолот

Девојка (19) е ранета денес во пукотница што се случила во близина на Универзитетот во Нови Пазар, откако нејзиниот брат Д. А. (23) испукал куршум од пиштол и случајно ја погодил, јавува

Шукова најизвесно решение на Бихаќка за град Скопје, откако „извиси“ Ралев

Машко-женски дуел за главниот град откако „пукна „тиквата меѓу Венко Филипче и Мишко Ралев кој беше речиси извесно решение  на Бихаќка за трка во Скопје, според висок партиски функционер, речиси е извесно

Грција со рекорден туристички приход, но се соочува со предизвици од масовниот туризам

АТИНА (АА) – Туризмот и понатаму претставува клучен економски двигател во Грција, но земјата се соочува со растечки предизвици поврзани со масовниот и прекумерен туризам, вклучително зголемени кирии, притисок врз инфраструктурата и
Go toTop