Историски успех за македонската атлетика – Андреас Трајковски осми во Европа!

March 7, 2025
1 min read

Македонецот Андреас Трајковски го освои осмото место во скок во далечина на Европското првенство во атлетика во сала, што се одржува во Апелдорн, Холандија. Со ова, тој испиша историја, станувајќи првиот од нашата земја кој се пласирал во финале на едно вакво големо натпреварување.

Во вчерашните квалификации, Трајковски блесна со скок од 7,85 метри, што му обезбеди место меѓу најдобрите. Денеска, неговиот најдобар обид беше 7,65 метри, што на крајот му донесе осма позиција во силната конкуренција.

Тој отвори со 7,59 метри во првата серија, потоа направи престап во втората, а во третата серија постигна 7,65 метри. Во четвртата серија неговиот скок беше за два сантиметри покус од претходниот, додека во последните две серии направи престап.

И покрај тоа што не успеа да се доближи до својот резултат од квалификациите, самиот влез во финалето претставува огромен успех за македонската атлетика.

Изненадувачки, златниот медал го освои Божидар Сарабојуков со скок од 8,13 метри во последната серија, за еден сантиметар подобар резултат од Италијанецот Фурлани и Шпанецот Лескај.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Утре без струја дел од кориниците од две улици во Кисела Вода

Следно

Ковачки: Политичарите лешинари од ДУИ и остатоците од Алијанса – изгубени во време и простор, плукаат по оние што ја чуваат државата!

Latest from Blog

Ослободени петмината осомничени за тероризам од американската база. Трамп: Изненаден сум

RAF Ферфорд е британска воздухопловна база во Глостершир која интензивно ја користат американските воздухопловни сили, особено за стратешки бомбардери и летови со долг дострел. Заради инцидентот, завчера рано наутро беше прогласена вонредна

Напад пред прагот на НАТО: Руско беспилотно летало удри близу границата, се огласија сирените

Според полските власти, леталото погодило цел на оддалеченост од приближно два километри од граничниот премин. Како одговор на нападот, Полска подигна воени авиони и ги стави своите сили во состојба на готовност.

PDK mban nesër konferencë për media

Partia Demokratike e Kosovës (PDK), nesër mban konferencë për media. Kjo u bë e ditur nga përmes një njoftimi për media të lëshuar nga partia, teksa nuk treguan arsyen e kësaj konference.
Go toTop