Истанбул: Подготовките на Олимпискиот стадион „Ататурк“ за финалето на УЕФА Лигата на шампиони

June 6, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Манчестер Сити и Интер на 10 јуни ќе се сретнат во финалето на Лигата на шампионите на УЕФА на Олимпискиот стадион „Ататурк“ во Истанбул, Туркије, јавува Анадолу.

Подготовките на стадионот што ќе биде домаќин на овогодинешното финале се привршуваат.

Олимпискиот стадион „Ататурк“ по 2005 година, по втор пат ќе биде домаќин на големото финале на Лигата на шампионите на УЕФА.

Навивачите на италијанскиот претставник Интер ќе бидат на северната трибина, а навивачите на англискиот великан Манчестер Сити на јужната трибина.

Скоро 500 волонтери ќе бидат ангажирани за време на финалниот натпревар за да бидат на услуга на навивачите.

Канцеларијата на гувернерот на Истанбул и припадниците на полицијата ќе ги преземат потребните безбедносни мерки со цел навивачите безбедно и навремено да пристигнат на стадионот за да уживаат во последниот меч.

Ќе биде организиран и бесплатен превоз до стадионот.

УЕФА претходно соопшти дека околу 72.000 навивачи ќе го следат финалето на Олимпискиот стадион „Ататурк“.

Олимпискиот стадион „Ататурк“ се наоѓа во западниот дел на Истанбул и е најголемиот стадион во Туркије. Стадионот го доби името по првиот турски претседател Мустафа Кемал Ататурк. Изградбата на стадионот започна во 1999 година, а завршена е во 2002 година. Стадионот е изграден по повод кандидатурата на Туркије за Олимписките игри.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

РОМАНСКАТА ОПЕРСКА ДИВА АНЏЕЛА ГЕОРГИУ ЌЕ ГО ОТВОРИ ОХРИДСКО ЛЕТО, И ЏОН МАЛКОВИЧ ЌЕ ДОЈДЕ СО ПРЕТСТАВА

Следно

Русија ги негира обвинувањата на Украина за напад на браната „Каховка“

Latest from Blog

Зеленски: ЈА ВРАЌАМЕ ВОЈНАТА ВО РУСИЈА

Во своето вечерно обраќање, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги осуди руските напади врз Запорожје и Днепар, нарекувајќи ги „многу цинични“. Тој изјави дека руските сили во Запорожје со беспилотни летала нападнале цивилни

ПОДЕМ: Усвојувањето на Законот за игрите на среќа и забавните игри е важна реформа во интерес на граѓаните

Партијата на обединети демократи на Македонија (ПОДЕМ) го поздравува донесувањето на новиот Закон за игрите на среќа и забавните игри, со кој по повеќе од една деценија конечно се воспоставува современа и

Цените на нафтата растат, вознемиреноста во Ормускиот теснец се интензивира

Цените на нафтата се зголемија на меѓународните пазари на околу 73 долари, сигнализирајќи зголемена вознемиреност кај инвеститорите откако новиот бран ракети во Ормускиот теснец ги истакна ризиците за спроведување на американско-иранскиот договор
Go toTop