Искрено, се надевам дека книгата во својот вообичаен облик нема да исчезне од животот на идните генерации, рече академик Урошевиќ на отворањето на 35. Саем на книгата

May 4, 2023
3 mins read

Книгите не се спалуваат топку често, денес се рециклираат. Или, благо речено, се повлекуваат од употреба. Дали навистина книгата во својот вообичаен облик ќе исчезне од животот на идните генерации? Јас искрено се надевам дека не, рече вечерва на свеченото отворање на 35. издание на Саем на книгата кој се одржува во арената „Борис Трајковски“ во Скопје академик Влада Урошевиќ.

Академик Урошевиќ говореше за промените и за положбата во која денес се наоѓа книгата.

Промените ми ја покажаа положбата во која се наоѓа денес книгата и сето она што е поврзано со неа. Несомнено, овие промени се показатели на повеќе аспекти. Ја покажуваат немоќта на книгата, која како производ тешко може да се натпреварува со некои други стоки што повеќе се бараат. За време на една прошетка во Париз, во неуспешната потрага по некогашните книжарници, се прашував дали тоа значи дека книгата почнува да се повлекува пред наездата на општата комерцијализација на нештата? Дали е ова нејзин пораз пред некои други попривлечни и поефикасни облици на информации и комуникации? Дали можеби нејзиното место започнуваат да го земаат некои други медиуми?, кажа Урошевиќ.

Годинешното издание на Саемот на книга ќе трае до 10. мај, со работно време секој ден од 10 до 20 часот. Последниот ден, саемот ќе биде отворен до 18 часот. Ќе се претстават над 60 домашни и странски издавачи.

Оваа година, чест ни е што јубилејно ја одбележуваме 35-годишната традиција на најочекуваниот саем – Саем на книга. Оваа културна манифестација, којашто е од голема важност, оваа година најголемиот фокус го има насочено кон нагласување на важноста на мајчиниот македонски јазик. Културното наследство, коешто ни го имаат оставено безвременските легенди во македонската книженост, – должност ни е да го зачуваме за сите нас, како и за сите идни генерации. Овој Саем мора да остане потсетник и синоним, да се чита со вистинска книга во раце. Не е случајно што мотото на годинешното издание на саемот е токму „Мирисот на нова книга ја најавува пролетта“. Истото е потсетник за најважната премиса во ова модерно темпо на живеење, – да не ја заборавиме најздравата навика на модерниот човек, а тоа е – читањето нови книги, изјави Даниела Глигоровска, Управител на Скопски Саем, организатор на Саем на книга.

Во претстојните денови, саемската арена, којашто е трансформирана во бајка од илјадници книги, е центар на многубројни средби со автори, потпишувања на книги, едукативни работилници, трибини, наградувања, притоа одбележувајќи ја важноста на читањето како навика, збогатувањето на личната библиотека, како и убавината на зачестениот афинитет да се подарува книга за разни поводи.

Саемот за нас издавачите е посебно важен, бидејќи е место кадешто се обединуваме со читателите. Кадешто можеме да ја претставиме целата наша годишна програма и она за коешто работиме преку целата година. Ние како издавачи и времето го сметаме како период помеѓу два саеми. Во таа насока се и наградите на Македонската Асоцијација на Издавачи, коишто традиционално утре ќе ги додели наградите и признанијата за најдобрите изданија, најкреативните изданија, најдобрите автори, најдобрите и општествено одговорните издавачи. На тој начин ќе се обиде да работи на она на кое работиме како Асоцијација, а тоа е да го подигнеме статусот на книгата на едно уште повисоко ниво. Тоа го правиме и преку учество во организацијата на Саемот и оваа година. Заедно со организаторот работиме саемот да го направиме уште поквалитетен, со уште подобар избор на книги, со голем избор на настани, – и во промотивниот центар, и на штандовите. Одговорноста е голема бидејќи над 30.000 луѓе ќе бидат тука овој период. Успехот го броиме и преку реакциите на читателите, нивните сугестии, забелешки, критики, пофалби, рече Бојан Саздов, Претседател на МАИ – Македонска Асоцијација на Издавачи.

На свеченото отворање говореше и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

Во пресрет на одбележувањето на 5 мај, Денот на македонскиот јазик, доволно е да се потсетиме дека од седум илјади јазици во светот, половина се исчезнати или се во опасност од исчезнување. Со нив исчезнал и мал универзум на мисли и чувства, но останале книгите, натписите во камен, на хартија, и во други форми. Токму затоа со големо задоволство Ве поздравувам на почетокот на уште едно издание на Меѓународниот Саем на книгата, манифестација која во својата долга традиција, истрајно и во континуитет, укажува на неопходноста на книгата во нашето секојдневие и поширокиот општествен контекст. Поддршката на Саемот на книгата е од голема важност, особено во овој актуелен миг, кога некои податоци покажуваат дека помалку се чита, а ерата на дигиталната технологија ги навикна луѓето подолго време да минуваат пред екраните на паметните телефони, компјутерите и телевизорите. Сѐ почесто се среќаваме со поимот екранизам, кој е поврзан со негативното влијание на екранот врз мозокот, особено кај малите деца. Свесни сме за слабата концентрација на одредени активности, нешто што сериозно треба да нѐ загрижи. Од друга страна, на сите ни се познати многубројните и далекуопсежните придобивки од читањето како една од најосновните вештини што можеме да ги стекнеме како човечки суштества. Накратко, читањето е од суштинско значење за нашиот развој и среќа, како поединци и како општество. Затоа како љубители на книгите и на пишаниот збор, имаме обврска да ги унапредуваме состојбите и заедно да работиме на зголемување на интересот на читателската јавност за книгата како пишан медиум, рече Костадиновска Стојчевска..

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Шпанскиот фудбал се врати на приходите од пред пандемијата на коронавирусот

Следно

(ВИДЕО) Ново пукање во Србија: Седум ранети, има и убиени

Latest from Blog

Исплатени 139.965.962 денари, финансиска поддршка за остварено и продадено производство на пченица

Денес се изврши исплата кон 3.420 лица со вкупен износ 139.965.962,00 денари за мерката 1.3 Финансиска поддршка за остварено и продадено производство на пченица од Програмата за изменување и дополнување на Програмата

ВМРО-ДПМНЕ: Кумата на хаосот на јавниот превоз Арсовска, го доведе Скопје на раб на колапс, ние сме подготвени за реформи доколку има отчетност и план

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека самопрогласенаата „реформаторка“ на јавниот сообраќај, повторно успеа да го доведе Скопје на раб на колапс. „Неспособната Арсовска кој ае и кума на хаосот со јавниот превоз глуми загриженост

Академик Попов: Само преку рамноправен дијалог и соработка со соседите и ЕУ може да дојдеме до разумни и прифатливи решенија

Во обраќањето по повод Денот на МАНУ, нејзиниот претседател, академик Живко Попов, денеска се осврна на пречките на земјава на патот на зачленување во Европската Унија.  Како што рече, пријателството, спремноста за

Мицкоски: Владата и ФЗО ги разгледуваат финансиските можности за да се зголеми капитацијата на матичните лекари

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на започнување на третата фаза од инвестицискиот циклус на германската компанија „КОСТАЛ“ Македонија во Општина Охрид. По настанот одговарајќи на новинарско

Мицкоски за уставните измени: Нашите црвени линии ги дефиниравме, од тоа не се поместуваме ниту милиметар

Ние нашите црвени линии ги дефиниравме. И од тоа ниту ние, ниту кој било ќе се помести, ниту милиметар. Не затоа што имаме какви било причини за да правиме напред или назад,
Go toTop