Исклучување на автоматскиот пружен блок помеѓу станиците Куманово – Романовце

1 min read

Поради изведување на електромонтажни работи на Куманово на сигнално сигурносните постројки од денеска до 27 мај, годинава патните премини во селата Превој, Липково и Романовце-Брзак, кумановско ќе бидат исклучени од работа, соопштија денеска од јавното претпријатие ЖРСМ Инфраструктура – Скопје.

Оттаму ги известуваат граѓаните дека поради изведување на електромонтажни работи на сигнално сигурносните постројки, односно монтажа на бројачи на осовини, автоматскиот пружен блок помеѓу станиците Куманово – Романовце ќе биде исклучен од редовна работа во период од 7 до 27 мај, годинава.

– Сообраќајот на овие патни премини ќе се одвива во согласност со постоечките сообраќајни правила и прописи во случај кога патните премини не работат, информираа од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.

Извор: 24vesti.mk

Претходно

Антонов: Вежбите со нуклеарно оружје се принуден руски одговор на западната реторика

Следно

ПСЖ ќе му понуди нов договор на Донарума

Latest from Blog