Исклучен Блокот 2 во РЕК Битола – Дали зад инцидентот се крие саботажа или случаен инцидент?

June 18, 2025
1 min read

Саботажа или само несреќен инцидент? Тоа го испитува полицијата, која од утрово е во РЕК Битола, откако нешто пред четири часот, блок 2, единствениот што во моментот произведуваше струја, автоматски се исклучи од системот, откако детектирал зголемена температура, поради пожар во близина на ормарот за електронско управување. Од ЕСМ предупредуваат на потенцијална саботажа, оти покрај орманот се пронајдени опожарени дрвени елементи, па се наведува на тоа дека некој влегол, намерно го запалил огнот, за да предизвика исклучување на блокот. Во меѓувреме, целата централа остана без работа бидејќи првиот блок е во редовен ремонт, а третиот е исклучен поради намалена побарувачка. Од ЕСМ смируваат, струја има доволно, оти кусокот го обезбедуваат хидроцентралите и купената струја на берза. Реагираше СДСМ, кој ја обвини ЕСМ за „распад на енергетскиот систем“ и манипулации со наводни саботажи.

„После 10 дена од испаѓањето на РЕК Осломеј од мрежа и најавите на неспособното раководство на ЕСМ дека истиот во рок од 48 часа ќе биде вратен на мрежа, сведоци сме дека РЕК Осломеј се уште не произведува струја, а неспособното раководство прави неуспешни обиди од неуспешните обиди. Пожарот во командниот ормар од нередовно чистење и неодржување и за да го оправдаат своето неспособно раководење, прават сензации со наводни саботажи и заплашување на вработените.“

Опозициската партија побара оставки од раководството на ЕСМ. Вратија од електрани. СДСМ создаде катастрофа во ЕСМ, а актуелното раководство ја наследи компанијата во целосен колапс и за тоа ќе одговараат виновниците,.

„Нема ден да не се соочуваме со предизвици како резултат на недомаќинското и нестручното управување со производствените капацитети во изминатите години. Штетата нанесена на термоцентралите и рудниците за јаглен бара натчовечки напори за стабилизација и за жал, последиците од нивното неразумно владеење и деструкција ќе се чувствуваат уште некое време. Процесите на консолидација се комплексни и едноставно не можат да се реализираат за неколку месеци.“

Ова не е првпат сомнителен инцидент да ја погоди централата. Пред четири години, голем пожар го уништи трансформаторот на еден од блоковите, предизвикувајќи огромна штета и година ипол чекање на набавка на нов трансформатор. Виновникот е се уште непознат. РЕК Битола е објект од стратешко значење и е под посебно обезбедување. Кој и зошто би сакал да му наштети, ќе отркие истрагата, во која ќе се прегледуваат и надзорните камери.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израелскиот министер Кац: Воените авиони го уништија седиштето за внатрешна безбедност на Иран

Следно

Продолжуваат меѓусебните напади меѓу Израел и Иран

Latest from Blog

Се разведува Ејми Шумер: Не е затоа што ослабев (ФОТО)

44-годишната Шумер ја сподели веста со следбениците на Инстаграм во петокот, потврдувајќи ги неделите шпекулации за проблемите во нивната врска. Дополнително со фотографија од себе и 45-годишниот Фишер во метрото во Њујорк,

Шокантно: На ​​Аргентина ѝ се заканува исфрлање од Светското првенство!

ФОТО: Argentina National Football Team/FB Зарем е можно? Дали навистина Меси и другарите нема да го видат Мундијалот? Извештајот на весникот „Ла Насион“ предизвика голема контроверзност, бидејќи во него се наведува дека
Go toTop