Исени: Континуираната едукација е неопходна за справување со организираниот криминал

February 9, 2026
1 min read

Денеска во Центарот за обука – Идризово официјално беше отворена обуката за борба против подведување и трговија со луѓе, која ќе се реализира во периодот од 9 до 12 февруари.

На обуката учествуваат 12 полициски службеници и јавни обвинители, со цел унапредување на нивните капацитети за препознавање, спречување и ефикасно постапување во случаи поврзани со трговија со луѓе и подведување.

Заменик-министерот за внатрешни работи, Астрит Исени, нагласи дека овие кривични дела претставуваат сериозен облик на организиран криминал и дека нивното успешно сузбивање бара континуирана едукација, како и силна институционална соработка меѓу надлежните органи.

 

 

Обуката се реализира со поддршка на Француската амбасада во Скопје, при што Исени изрази благодарност за долгогодишната соработка и поддршката во зајакнувањето на капацитетите на институциите во борбата против трговијата со луѓе и подведувањето.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Манасиевски: СЈО било инструмент за политички прогон, не за правда

Следно

Никола Ѓурѓај: „Нема да молчиме пред одлуки штетни за македонското население“

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop