Манасиевски: СЈО било инструмент за политички прогон, не за правда

February 9, 2026
1 min read

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) со Катица Јанева работело по насока на СДСМ, Зоран Заев и неговите партнери како Венко Филипче, Оливер Спасовски и Радмила Шекеринска. Ним правдата не им била цел, туку профитот, политичкиот прогон и контролата врз државните институции, како и правосудството во Македонија, реагира денеска Валентин Манасиевски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој за утре најави нови сведоштва за работата на одредени обвинители и СЈО како целина и побара Обвинителството да се позанимава со трошењето пари во последните 2,5 месеци од 2015 години од буџетот на СЈО.

Повикувајќи се на сведоштвата на поранешната обвинителка во СЈО, Лејла Кадриу, Манасиевски вели дека се потврдени сомнежите и тезите на ВМРО-ДПМНЕ која уште пред приближно 10 години, говорела за партизација на СЈО предводено од Катица Јанева, од страна на СДСМ, Заев и неговите пајташи.

 

– Згаснатото СЈО, кое сите паметиме како заврши, со пресуда за предводничката на СЈО Катица Јанева од 7 години за земање мито. За жал, СЈО било користено за исполнување на желбите и интересите на СДС и Зоран Заев, кои во тие моменти не бираа начин како да дојдат на власт. Најчести гости според сведоштвата на Лејла Кадриу, во СЈО на Катица Јанева биле токму Зоран Заев и Радмила Шекеринска, како и советници на Оливер Спасовски. Тие ги носеле прислушуваните разговори, односно таканаречените бомби, во форма на кривична пријава, но како што вели госпоѓа Кадриу, напишани на ливче. Истиве овие ливчиња ги преземале помошниците на Катица Јанева, Ленче Ристоска и Гаврил Бубевски противзаконски, бидејќи не направиле никаков записник. За да им биде јасно на граѓаните, секој можел да земе, донесе или додаде нов документ во секое време. Дополнително, истите овие специјални гости, се обидувале и успевале во обидите да укажат на обвинителите кое лице да биде гонето, а кое да биде изземено од одреден случај. Или во превод, што би рекла и поранешната обвинителка од СЈО, Лејла Кадриу, СЈО било претворено во штаб на СДС – вели Манасиевски.

Според сведоштвата, како што вели Манасиевски, Ристоска и Бубевски, биле главни и тие биле оние кои го раководеле СЈО во позадина, додека Катица Јанева сакала само медиумски да се профилира, поради тоа што била само обичен медиокритет во СЈО.

– Многу важно во работата на СЈО биле и финансиските средства. Во 2015 година, односно поточно од 15.10.2015 година Буџетот бил проектиран секоја година СЈО да добива милион евра од државата, а Катица секако ја интересирале само парите. Тие 2,5 месеци до крајот на 2015 година морале да ги потрошат, како што вели Лејла Кадриу, за да не ги земе државата назад. Дополнително, обвинителите во СЈО, земале по 4.000 евра месечна плата, а срамно и безобразно било тоа што трошеле плус 2.000 евра месечно за кафе, бадеми и лешници. Во овој дел обвинителството треба да го истражи и провери овој случај, каде отишле овие пари за само 2,5 месеци и кој сѐ земал бонуси, додатоци, и колку чинела киријата за местата каде што престојуваше СЈО – рече Манасиевски.

 

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шефицата на британската дипломатија повика да прекинат „ужасните искушенија“ на Џими Лаи

Следно

Исени: Континуираната едукација е неопходна за справување со организираниот криминал

Latest from Blog

Николоски: Инфраструктурата и капиталните вложувања во фокусот на средбата со германските компании

Владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски денеска остварила бизнис-средба со претставници на германски компании од Северна Рајна-Вестфалија кои веќе работат во Македонија, информираше вицепремиерот Александар Николоски. Во фокусот биле можностите за

Проданоски: Со шведска поддршка градиме современ систем за управување со отпадот

Унапредувањето на управувањето со отпадот, можностите за нови инвестиции и користењето меѓународни фондови беа теми на работната средба на градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, со шведскиот амбасадор Ола Сулстром, заменик-министерката за животна

Божиновска: Заштитата на енергетската инфраструктура од сајберзакани е постојан приоритет

Заштитата на критичната енергетска инфраструктура мора да биде постојан приоритет, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на настанот „Сајбербезбедност во енергетскиот сектор: Од проценка до отпорност – Патоказ

Бакарот станува стратешка суровина за Европа: Македонија има потенцијал да биде дел од новите синџири на снабдување

Зголемената глобална побарувачка за бакар и други критични минерални суровини го става рударството во фокусот на европските економски и индустриски политики. Во услови на енергетска транзиција и брз технолошки развој, регионот на

Коњановски: Над 164 милиони денари за улична и патна инфраструктура во Битола

Над десет километри обновена и новоизградена патна инфраструктура, повеќе од три километри водоводна и канализациска мрежа и нови 220 паркинг места се дел од резултатите што ги издвојува градоначалникот на Битола, Тони
Go toTop