ИРНА: Амбасадата на Саудиска Арабија продолжи со работа во Техеран по седум години

August 9, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Амбасадата на Саудиска Арабија во главниот град на Иран, Техеран, официјално продолжи со работа по седум години, пренесува Анадолу.

Според иранската официјална новинска агенција ИРНА, Амбасадата на Саудиска Арабија во Техеран официјално е отворена на 6 август.

Саудиска Арабија сѐ уште не ја коментираше оваа информација.

Прекинот на дипломатските односи на Саудиска Арабија и Иран се случи во јануари 2016 година откако 47 лица, меѓу кои и шиитскиот свештеник Нимр ал-Нимр, беа погубени под обвинение за тероризам во Саудиска Арабија. Демонстрантите во Иран ги запалија Амбасадата на Саудиска Арабија во Техеран и зградата на Конзулатот во Машхад.

Процесот на нормализирање на односите меѓу Иран и Саудиска Арабија заврши со успешни преговори во Пекинг во март оваа година.

Иранскиот министер за надворешни работи Хусеин Емир Абдулајан и неговиот колега од Саудиска Арабија, Фајсал бин Ферхан, исто така, се состанаа во Пекинг на 6 април и се договорија за повторно отворање на амбасадите на двете земји, обновување на летовите меѓу двете земји и олеснување на визите.

Иран на 23 мај објави дека заменик-министерот за надворешни работи Али Реза Енајети е назначен за амбасадор во Ријад и повторно ја отвори Амбасадата на 6 јуни.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хрватската полиција испратила предупредувачко писмо до грчките колеги, ама никој не го отворил

Следно

Во хотел во Скопје пронајдено починато лице

Latest from Blog

Каде е Инспекторатот за употреба на јазиците, итна оставка на директорот, бара ДУИ

Во само еден ден, Град Скопје двапати отворено ја прекрши законската обврска за употреба на албанскиот јазик. Скопје е двојазичен град и неговите институции имаат јасна законска обврска албанскиот јазик да го

Битола отвора можност за нови сертифицирани лични асистенти за лица со попреченост

Општина Битола објавува јавен повик за избор на лиценцирани обучувачи за спроведување на обука на лични асистенти за лица со попреченост, согласно Програмата за социјална заштита. Право на учество имаат сите правни

Проданоски: Прилеп повторно беше центар на добрата забава и позитивната енергија

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, се огласи по завршувањето на Пиво фестивалот 2026, оценувајќи дека годинашното издание било успешно реализирано и поминало во одлична атмосфера, со голема посетеност и безбедно одвивање
Go toTop