Серијата без победа за Манчестер јунајтед продолжи и на гостувањето кај Лидс, па „црвените ѓаволи“ веќе шестти меч по ред не знаат за триумф.
Избраниците на Мајкл Карик последната победа ја забележаа на 10 септември, кога го победија Сабах во Лигата на шампионите со 4-0. Во првенството немаат победа од 30 август, односно од победата над Ипсвич во 5-2.
Мбеумо во 35-тата минута донесе водство за Манчестер јунајтед на гостувањето кај Лидс, но Калверт-Левин израмни на 1-1 во 51-вата минута. До крајот на мечот лесно можеше да се случи и комплетен пресврт, но такво нешто не дозволи голманот на Јунајтед, Ламенс.
Извор: sportmanija.mk


