Ирански ракети завршија во американски бази во Катар

June 23, 2025
1 min read

Се раширува периметарот на иранските напади откако иранската државна радио-телевизија соопшти дека иранските вооружени сили лансирале балистички ракети кон американски воени бази на Блискиот Исток, со фокус на позиции во Катар и Ирак.

Според информации од американски медиуми, експлозии биле забележани над главниот град Доха и над Лусаил вториот по големина град во Катар. Првичните извештаи укажуваат дека најмалку десет ракети биле насочени кон цели во Катар, додека една ракета била насочена кон американски бази во Ирак. 

Според иранските власти, ракетниот напад бил дел од воена операција со назив „добри вести за победа“, изведена од страна на корпусот на Исламската револуционерна гарда. 

Во нивното официјално соопштение се наведува дека нападот е одговор на, како што го нарекуваат, „американската воена агресија врз ирански нуклеарни бази со мировна намена“ и „сериозно кршење на меѓународното право“ 

„По јасната воена агресија на криминалниот режим на сад врз нуклеарни објекти за мировни цели на Исламската република иран и јасното кршење на меѓународното право, под водство на врховниот совет за национална безбедност и раководството на централниот штаб, корпусот на Исламската револуционерна гарда ја таргетираше базата Ал-удеид во Катар со разорен и моќен ракетен напад. Оваа база е седиште на воздухопловните сили и најголема стратешка предност на американската терористичка армија во регионот на Западна Азија“, објавија тие. 

Преку видео на социјалните мрежи се огласи и портпаролот на генералната команда на иранските сили Ебрахим Золфаќари, тој со остар тон на англиски јазик му се обрати на американскиот претседател Доналд Трамп нарекувајќи го коцкар во војната која тој ја започнал, а Иран ќе ја заврши.

„Трамп коцкарот можеби ја започна оваа војна, но ние ќе бидеме тие што ќе ја завршат“ нагласува Золфиќари.

Од извори од Си Ен Ен дознаваме дека американскиор претседател Доналд Трамп, министерот за одбрана Пит Хегсет и целиот американски генералштаб ги разгледуваат сите можни сценарија во кризната соба на белата куќа и ги следат потенцијалните закани за нови напади на американски бази на Блискиот Исток.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СДСМ: Мицкоски тоне во сопствените лаги

Следно

Над 13 илјади странци вработени во Албанија

Latest from Blog

ИЗБОРНА КАТАСТРОФА ЗА ЦДУ И МЕРЦ – партијата падна на цензусот од 5%

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го призна тешкиот изборен пораз на ЦДУ на покраинските избори во Мекленбург-Западна Померанија, каде што партијата едвај остана над изборниот праг. По уште една тешка изборна вечер за

ВЛЕН: Улица по улица, проект по проект, Арачиново се менува

Арачиново секојдневно се менува преку реализација на конкретни инфраструктурни проекти, оценува ВЛЕН, од каде посочуваат дека инвестициите треба директно да се почувствуваат кај граѓаните и во локалните заедници. Од партијата наведуваат дека

Коњановски: Женското претприемништво е важен дел од развојот на Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на средба со Советот за женско претприемништво на Општина Битола. На средбата присуствуваа и заменик-градоначалничката Марина Крстиќ и
Go toTop