Иран се надева на нормализирање на односите со Саудиска Арабија

January 13, 2023
1 min read

Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан изјави денеска во Бејрут дека се надева на нормализирање на односите со Саудиска Арабија, што ќе овозможи повторно отворање на амбасадите на двете регионални сили кои се затворени веќе седум години.

Дијалогот меѓу шиитскиот Иран и сунитската Саудиска Арабија започна во Багдад, а последната средба се одржа во април 2022 година. Иранскиот министер потоа накратко се сретна со својот саудиски колега на регионален состанок во Јордан во декември 2022 година.

– Позитивно гледаме на враќањето на нормалните односи со Саудиска Арабија што ќе доведе до повторно отворање на претставништвата и амбасадите во Техеран и Ријад, во рамките на дијалогот меѓу двете земји, кој треба да продолжи, рече Абдолахиан на прес-конференција.

Изјавите на министерот, кој пристигна во Бејрут синоќа се дадени во време кога Иран, потресен од бран протести, ги обвинува своите „непријатели“, предводени од САД, за поттикнување на протестите и ја истакнува улогата на Саудиска Арабија во финансирање на „непријателски“ весници на персиски јазик во странство.

Во ноември Техеран го повика Ријад да го промени своето „непријателско“ однесување и им се закани на соседите на Иран, вклучително и Саудиска Арабија, да одговорат на секој обид за дестабилизација на земјата.

Двете земји ги прекинаа односите пред седум години, по нападите врз саудиските дипломатски претставништва во Исламската Република, откако Ријад погуби истакнат шиитски верски водач.

Техеран и Ријад ги поддржуваат ривалските страни во неколку конфликти во регионот, вклучително и во Јемен. Иран има поголемо влијание во Ирак и Либан и го поддржува режимот на претседателот Башар ал Асад во Сирија.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

МВР распиша меѓународна потерница по избеганиот затвореник Беким Мемети

Следно

Мицкоски во Кичево: Народот бара промени, нема човек кој е задоволен од оваа влада- Промените ќе дојдат и ние заедно ќе се избориме

Latest from Blog

Томовски: Во текот на летниот период сите службени возила ќе бидат обележани!

Директорот на СОЗР, Ивица Томовски во вечерашното гостување во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 изјави дека „во рамките на Владата е формирана работна група којашто работела на изработка на правилник за специјални

Ласовска во 24 анализа: Гневот и изјавите на родителите од Кочани се оправдани

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласовска во 24 анализа рече дека изјавите на родителите на загинатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се оправдани. Таа објасни и дека очекува правда и

Томовски за злоупотребите во Владата: Прв пример ни е Маричиќ, најголем потрошувач!

Во денешното гостување во емисијата „Click Plus“ на ТВ21, директорот на СОЗР, Ивица Томовски вели дека Маричиќ бил најголем потрошувач во Владата. -Можеби работите одат споро, но има одредени дела, така е

Георгиевски во Аргумент плус: Во Македонија тешко се создава традиција но лесно се руши

Ѕвездан Георгиевски директорот на Фондацијата „Славко Јаневски“ во Аргумент плус рече дека одговорноста за одржување на контиунитет на наградата е огромна. Според него, и покрај сите предизвици добро е што и по

Сиљановска-Давкова ги прими шпанскиот амбасадор и претставниците на ОН и УНДП во пресрет на Конференцијата во Севиља

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими амбасадорот на Кралството Шпанија, Рафаел Сориано Ортиз, постојаната координаторка на ОН, Рита Колумбија и претставникот на УНДП во Скопје, Армен Григориан, во пресрет на одржувањето на 4. Меѓународна конференција
Go toTop