Иран: САД се одговорни за израелскиот копнен напад врз Рафа

1 min read

ТЕХЕРАН (АА) – Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Насер Кенани, го осуди копнениот напад на израелската Армија врз градот Рафа во Појасот Газа, пренесува Анадолу.

Како што објави иранската новинска агенција ИРНА, Кенани жестоко реагирал на копнениот напад на израелската Армија врз Рафа, што резултираше со преземањето контрола врз палестинската страна на граничниот премин Рафа со Египет, од страна на израелската војска.

„Оваа акција беше спроведена со цел да се спречат меѓународните напори за запирање на војната и заштита на интересите на поединеци и на ционистичката криминална група“, рече Кенани.

Тој нагласи дека за нападот се одговорни и Соединетите Американски Држави (САД), главниот сојузник на Израел.

Кенани истакна дека нападот е извршен и покрај меѓународните предупредувања и дека ваквата ситуација укажува дека израелската администрација не се придржува до никакви меѓународни норми и ги загрозува мирот и безбедноста.

Израелската Армија рано утринава соопшти дека нејзините сили ја презеле контролата врз палестинската страна на граничниот премин Рафа со Египет.

По најавата на палестинската група Хамас за прифаќање на катарско-египетскиот предлог за прекин на огнот во Газа, израелскиот воен кабинет одлучи да ја продолжи операцијата во Рафа со цел, како што наведе, „воен притисок врз Хамас за да го унапреди ослободувањето на заложниците и за други воени цели“.

Израелската Армија издаде итна наредба за евакуација на Палестинците во источните населби на Рафа и ги повика да се преселат во градот Ал-Маваси во јужниот дел на Газа.

Рафа е дом на повеќе од 1,5 милиони раселени Палестинци кои се засолниле од војната што Израел ја започна по нападот на Хамас на 7 октомври, во кој загинаа речиси 1.200 луѓе.

Оттогаш, во израелските напади врз енклавата загинати се над 34.780 Палестинци, главно жени и деца, и е предизвикана огромна хуманитарна катастрофа.

Речиси седум месеци по почетокот на израелската војна огромни делови од Газа се во урнатини, а 85 отсто од населението на енклавата се внатрешно раселени.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за да обезбеди хуманитарна помош за цивилите во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

Претходно

Албаниан Пост: Франција, Германија и Италија бараат одложување на одлуката за прием на Косово во Советот на Европа

Следно

Вечерва почнува 68-то издание на Песна на Евровизија

Latest from Blog