Ирак упати протестна нота до Иран по нападите на Ербил

January 16, 2024
1 min read

ЕРБИЛ (АА) – Ирачкото Министерство за надворешни работи го повика иранскиот вршител на должност во Багдад и му упати протестна нота по нападите на Иранската револуционерна гарда врз Ербил со балистички проектили, пренесува Анадолу.

Во протестната нота на ирачкото МНР остро се осудуваат нападите врз Ербил, објави ирачката државна агенција ИНА.

Во соопштението на Советот за безбедност на КРГ се наведува дека синоќешните напади, во кои загинале четворица цивили, а биле повредени шест лица, војската на Иранската револуционерна гарда ги извршила со многу балистички проектили врз повеќе цивилни населби во Ербил.

Се наведува дека меѓу загинатите во нападите се и ирачкиот бизнисмен Пешрев Дизеји и неговото едногодишно бебе.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ковачевски: Оставката и изборот на техничката влада, на крајот на идната недела

Следно

Форум во Давос: Климатските промени во наредните децении се закануваат со смрт на милиони луѓе

Latest from Blog

МВР со апел: На матурска прослава без автомобил, алкохол, дрога и без нарушување на јавниот ред и мир!

„На матурска прослава без автомобил!“, „Без конзумирање алкохол!“, Без користење наркотични средства!“, „Без нарушување на јавниот ред и мир!“ – велат од МВР. „Сообраќајната статистика покажува дека во деновите кога се организираат

Македонскиот јазик во медиумите, тема на научна конференција

Во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ денеска  ќе се одржи 29. Меѓународен научен собир на тема „Јазикот во медиумите (состојби, предизвици, перспективи)“, во рамки на традиционалната манифестација „Денови на Благоја Корубин“.

Британија сака да го намали бројот на илегални мигранти од Западен Балкан

Велика Британија ќе ги засили своите напори во борбата против криминалните мрежи од Западен Балкан кои овозможуваат илегални миграции, изјави синоќа премиерот Кир Стармер, неколку дена откако најави голем број реформи кои
Go toTop