ИОМ: Светот официјално влезе во ерата на климатска миграција

September 2, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Генералната директорка на Меѓународната организација за миграција (ИОМ) повика на итни решенија за справување со климатските промени и предизвиците на човековата мобилност бидејќи светот веќе влегол во „ерата на климатска миграција“, јавува Анадолу.

„Начините за решавање на врската меѓу климатските промени и човечката мобилност на континентално ниво се итни“, рече Ејми Поуп.

Повикот за акција доаѓа пред Африканскиот самит за клима во Најроби кој ќе се одржи од 4 до 6 септември.

Самитот е најголемиот собир на африкански шефови на држави, министри, агенции на ОН, хуманитарни и развојни партнери, приватниот сектор и младите во историјата на континентот, се вели во соопштението на ИОМ.

„Африканските земји се меѓу најранливите на влијанијата на климатските промени, кои ги доживуваат страшните влијанија на климатската криза, како сушата, поплавите, екстремните временски температури, растот на нивото на морето“, се вели во соопштението.

Повеќе од 7,5 милиони внатрешни раселувања поради катастрофи се регистрирани на континентот во 2022 година, според извештајот на Центарот за следење на внатрешното раселување со седиште во Женева.

Без акционен план за климата се стравува дека до 105 милиони луѓе ќе станат внатрешни мигранти до 2023 година само во Африка, се проценува во извештајот на Светската банка од 2021 година.

Самитот се одржува пред Конференцијата КОП28 закажана за декември во Обединетите Арапски Емирати „за обединување на африканскиот континент кон договор за влијанието на климатските промени врз човековата мобилност“, се вели во соопштението.

Поуп беше избрана во мај за генерална директорка на ИОМ, ќе ја преземе функцијата на 1 октомври и ќе раководи со организацијата пет години.

Поуп беше висока советничка за миграција на американскиот претседател Џо Бајден во 2021 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сончево со мала локална облачност, температури до 35 степени

Следно

Јавниот превоз во Скопје од денеска по зимски возен ред

Latest from Blog

Видео-фото: Трамп и Си Џинпинг испратија пораки за подобрување на односите меѓу САД и Кина

Двајцата лидери разговарале за трговијата, технологијата, вештачката интелигенција и стратешкото ривалство меѓу двете најголеми светски економии. Трамп на свечената вечера во Белата куќа оцени дека, и покрај различните политички системи, врските меѓу

АБТЦ и „Тиквеш“ меѓу гостите на престижниот годишен ручек на Трговската комора на Илиноис во Америка

Американскиот Балкански Трговски Центар (АБТЦ) и винарската визба „Тиквеш“ беа меѓу гостите на овогодинешниот престижен годишен ручек организиран од Трговската комора на Илиноис, на кој присуствуваа претставници на водечки компании во државата,

Далиќ започна на блескав начин како селектор на ОАЕ

По речиси една деценија брилијантно водење на хрватската репрезентација, Златко Далиќ одлучи да замине во Азија, каде што ја презеде селекцијата на Обединетите Арапски Емирати. Синоќа тој дебитираше за новата репрезентација и
Go toTop