ИОК остана без три големи спонзори

1 min read

Јапонската компанија Бриџстоун објави дека нема да го обнови спонзорскиот договор за Олимписките и Параолимписките игри кога ќе истече оваа година.

Од претходно беше познато дека спонзорствата нема да ги обноват Тојота и Панасоник.Бриџстоун е партнер на Олимписките игри од 2014 година.

На овој начин Интернационалниот олимписки комитет ќе остане без трите главни спонзори.

Тојота е единствената која јавно објави дека не е задоволна од начинот на кој ИОК ги распределува средствата добиени на име спонзорство и дека овие пари не се користат на најдобар начин за поддршка на спортистите и промоција на спортот.

Бриџстоун, како и Панасоник, не излезе во јавноста со слични изјави. Токму спротивното. Бриџстоун најави дека станува збор за прераспределба и промена на стратегијата на брендот кој сака повеќе да се фокусира на мотоспортот.

Извор: kurir.mk

Претходно

Израел ја активираше Железната купола, најмоќната противвоздушна одбрана во светот: Што е тоа?

Следно

Наутро студено, преку денот сончево време

Latest from Blog