Инцидент во српска рафинерија: Истекоа 82.000 литри нафта, можно загадување на Дунав

April 24, 2025
1 min read

Околу 82.000 литри нафта се излеале за време на товарење во шлеп на компанијата „Нафтахем“ од Нови Сад од српската рафинерија во Панчево на 21 април околу 7:00 часот, соопшти денеска Основното обвинителство во Панчево, а пренесе регионалната телевизија Н1. Дел од нафтата завршила во заштитната бариера околу шлепот, а потенцијално и во реката Дунав.

Дежурниот обвинител веднаш излегол на местото на инцидентот, каде извршил увид заедно со припадници на полицијата, покраински инспектори за заштита на животната средина, државни инспектори за безбедност во пловидбата и за превоз на опасни материјали, се наведува во соопштението.

Истрагата утврдила дека на 20 април шлепот, сопственост на „Нафтахем“, пристигнал на третиот пристаништен кеј на рафинеријата во Панчево, а на 21 април, во периодот меѓу 7:02 и 7:35 часот, за време на товарењето на нафта, се излеале околу 82.000 литри во заштитната бариера околу шлепот и потенцијално во Дунав.

Институтот за јавно здравје земал мостри од водата во близина на шлепот и на други делови од реката Дунав, со цел да се утврди степенот на загадување. Службата за јавно здравје во Панчево, во соработка со полицијата и надлежните инспекторати, ќе преземе дополнителни мерки и ќе ја утврди причината за еколошкиот инцидент. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трамп вели дека е можно следниот месец да се сретне со Путин

Следно

Осомничени уште три лица во предметот „Адитив“

Latest from Blog

Се најавува американска војска на иранска територија но, САМО 7% АМЕРИКАНЦИ ГО ПОДДРЖУВААТ ТОА

Трамп тврди дека има дипломатски сигнали за преговори со Иран но, од друга страна неговиот највоинствен министер најавува решавачка воена операција против Иран. Секретарот за одбрана, Пит Хегсет, упати остра порака до

Стојаноски: Обвинувањата на Филипче за корупција се небулозни, а мерките што ги предлагаат им се препишани од ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, упати критики кон СДСМ и Венко Филипче, оценувајќи дека нивните обвинувања за корупција се небулозни. Во гостување во емисијата „Наткаст“ со новинарот Љупчо Цветановски, Стојаноски изјави дека

Николоски: Хистеријата на Левица носи застој во градењето и сè поскапи станови, а младите се иселуваат

Правите хистерија со урбанизацијата и не дозволувате државата да се развива. Заради вашата партија бегаат инвеститори, не се отвараат работни места, заради хистеријата се дигнаа цените на стабовите и младите бегаат од
Go toTop