Инцидент во Белгород: Падна дрон на руски аеродром во близина на украинската граница

April 11, 2023
1 min read

Беспилотно летало се урна на аеродромот во рускиот град Белгород, во близина на границата со Украина, изјави денеска претставник на службите за итни случаи.

-Дронот се урна вчера попладне, а оградата на аеродромот е малку оштетена, изјави тој за руските медиуми.

Според првичните информации во инцидентот нема повредени.

Околностите на инцидентот ги истражуваат службите за итна помош.

Аеродромот Белгород е затворен од 24 февруари 2022 година како дел од режимот за ограничување на летовите во јужниот и централниот дел на Русија.

Украина повеќе пати го гранатираше овој регион, а целата територија има висок степен на опасност од терористички закани.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Две лица повредени во сообраќајка во Бардовци

Следно

Доделени првите решенија за субвенции на велосипеди во Илинден

Latest from Blog

Исповед на несреќен маж„Половиот орган ми е како лименка и тоа ми го уништи животот. Жената побегна од мене“

„Кога растеш низ тинејџерските години, те уверуваат дека ако имаш голем полов орган, автоматски ќе бидеш успешен кај жените – а тоа е лага. Имав една сериозна врска, но таа жена секојпат

Бизонот Тајфун успешно вратен во Националниот парк Фрушка гора

Бегството на бизонот Тајфун од Националниот парк Фрушка гора заврши успешно – животното е пронајдено и вратено во својот ограден дел. Од управата на паркот информираа дека пожарникарите и надлежните служби континуирано

Ѓорѓиевски најави конкретна поддршка за волонтерските програми на Црвениот Крст

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оствари средба со генералниот секретар на Црвениот Крст на Македонија, Саит Саити, секретарката на Црвениот Крст на град Скопје, Сузана Тунева-Пауновска и стручната служба. На
Go toTop