Интервју на Путин: Војната во Украина ќе завршеше за две недели, ако Зеленски не ги слушаше САД и Велика Британија

February 9, 2024
1 min read

Прво интервју на Владимир Путин за западен медиум од почетокот на војната во Украина. Рускиот претседател вети дека Москва ќе се бори за своите интереси, но и дека нема желба да го прошири судирот од Украина во соседните држави, пред се Полска и Летонија, освен ако не биде нападната.

Рускиот лидер тврди дека Украинците се уште се чувствуваат како Руси, а она што се случува таму во моментов, има елементи на граѓанска војна.

„Ако навистина сакате да престанат борбите, треба да престанете да снабдувате оружје. Ќе биде готово за неколку недели. Тоа е тоа. Западот мисли дека борбите во Украина засекогаш одвоиле еден дел од рускиот народ од друг, но обединувањето ќе се случи. Технички направија се како што треба, постигнаа што сакаа, ја сменија власта. Но, од политички аспект ова е огромна грешка. Политичкиот врв требаше да види до што ќе доведе тоа. Украина ја започна војната, целта на Русија е да ја запре.“ – рече Путин.

Во интервјуто Путин, порача и дека Русија и Украина порано или подоцна ќе се договорат, нагласувајќи дека сака ситуацијата да се реши со преговори. Верува дека евентуалната промена на претседателот на САД нема да го смени односот на американската елита кон Москва, бидејќи не се работи за една личност. 

„Западот почна да сфаќа дека стратешки пораз на Русија е невозможен, нека размислат што понатаму, ние сме подготвени за дијалог. Светот ќе се промени без разлика како ќе завршат настаните во Украина. Ако во американското општество преовладува идејата за доминација по секоја цена и со помош на сила, ништо нема да се промени, само ќе се влоши.“ – рече Путин.

Интервјуто на американскиот новинар Такер Карлсон со рускиот претседател предизвика вистински интерес ширум светот. Според проценките на социјалната мрежа Икс, повеќе од 30 милиони луѓе го следеа разговорот со Владимир Путин.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Нетанјаху ѝ наредил на војската да подготви план за евакуација на цивилите од Рафах

Следно

Вучиќ: Ќе видиме сега како ќе реагира Приштина на пораката од САД

Latest from Blog

Расел Кроу откри зошто никогаш нема да се ожени за 28 години помладата партнерка (ВИДЕО)

Во отворен разговор за емисијата 60 минути, актерот откри дека нема планови да се ожени со неговата партнерка– ниту сега, ниту во иднина. „Зошто да ја расипам среќата со брак?“ Кога водителот

Отишол во болница со страшни болки- докторите се шокирале кога виделе што има во телото

Необичната приказна се случила на 19 октомври, откако неименуван 48-годишен менаџер со големи болки бил итно однесен во медицинска установа. Тој призна сè Според извештаите на докторите, човекот признал дека самиот го

Вучиќ: БРКАМЕ ДВАЈЦА СНАЈПЕРИСТИ ЗА КОИ ЗНАЕМЕ ДЕКА СЕ ВО БЕЛГРАД, знаеме зошто и кој ги плаќа

Гостувајќи во емисијата „Чирилица“ на ТВ Прва, Александар Вучиќ објави дека од безбедносните служби дознал дека во Белград моментално има двајца снајперисти, на чие апсење службите моментално работат. „Во моментов бркаме двајца

Израел се движи кон смртна казна за тероризам

Комитетот за национална безбедност на израелскиот парламент во понеделник гласаше за закон со кој се воведува смртна казна за сторители на „терористички напади“, мерка предложена од крајно десничарската партија на министерот за
Go toTop